Меган Маркл ја руши традицијата стара 4 децении: Овој пат се однесува на нејзиното породување!

Ги крши правилата!

Војвотката од Сасекс сака да се породи далеку од медиумското внимание и се одлучила за болницата „Фирмли Парк“, близу Виндзор

Се чини дека Меган Маркл не престанува да ги крши правилата откако влезе во британското кралско семејство пред повеќе од една година. Последното непишано правила што ќе го прекрши се однесува на нејзиното место на породување.

Имено, традицијата налага породувањето да се одвива во приватен простор во болницата „Света Марија“ во Лондон.

Таму се породиле покојната принцеза Дијана и Кејт Мидлтон. Меѓутоа, сопругата на принцот Хари, според британските медиуми, сака приватно породување, далеку од медиумското внимание што го следи целото раѓање на кралските новороденчиња.

Сè укажува на тоа дека бебето на Меган Маркл и принц Хари ќе дојде на свет во болница недалеку од нивниот нов дом во Виндзор, во болницата „Фримли Парк“, основана во 1973 година. Тоа ќе ја прекине традицијата подолга од четири децении.

Меган ќе се породи кон крајот на месецов. Таа се повлекла од јавниот живот уште пред две недели, иако ја гледале на прошетка по лондонските улици со сопругот Хари.

Раѓањето на кралското бебе ќе биде објавено по пат на официјален извештај од Бакингемската палата, каде што ќе биде откриен полот на бебето, датумот и времето на раѓање, како и здравствената состојба на новороденчето и мајката. Името на бебето ќе биде соопштено неколку дена по неговото раѓање.

Меган ќе ги прекрши и правилата што се однесуваат на нејзиното породилно отсуство. Имено, војвотката ќе има на располагање 6 месеци отсуство, за разлика од трите месеца што ги имала Кејт по секое од трите породувања. Меган на своите обврски ќе им се врати во октомври 2019 година.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.