„Јас не можам да се грижам за три мали деца“: Пораката ја нашла дежурната бабица во собата на младата родилка!

Неверојатно!

Оваа неверојатна приказна пристигнува од Русија, ви ја пренесуваме во целост

Алена и Миша живееле заедно повеќе од 7 години. Две години по венчавката, парот посакал да има деца. По некое време, тестот покажал две цртички. Среќата била бескрајна.

Алена имала млади родители кои биле пресреќни што толку млади ќе станат баба и дедо.
Бременоста поминала добро, а на еден ултразвук, докторот бил многу изненаден кога видел две бебиња – близнаци. Радоста на младите родители станувала сè поголема. Парот подготвил сè за доаѓањето на бебињата: соба и креветчиња, опрема, пелени, играчки…

Се чинело дека ништо не може да тргне наопаку, дека на толку среќно семејство ништо лошо не може да му се случи.

Алена била во болница, чекајќи ги првите трудови за да ги роди децата. Миша работел вредно, одел на службени патувања во регионот, мислејќи на слободните денови што ќе ги добие за раѓањето на децата.
Зимска вечер. Едно погрешно свртување, многу снег на патот, лизгање и крај. Несреќните вести веднаш им ги јавиле на неговите родители, а тие на родителите на Алена. Нејзе никој не смеел да ѝ каже, за да помине породувањето што помирно.

По неколку часа почнале трудовите болки. Потполно несвесна за ужасот што ја чека, Алена мирно на свет донела три бебиња. Тоа било огромно изненадување за неа и за докторите. На ниту еден преглед не се виделе три бебиња. Алена само го замислувала моментот кога нејзиниот Миша ќе дојде и ќе види три деца.

Знаела дека ќе се израдува, бидејќи отсекогаш сакал големо семејство.
Кога дошле нејзините родители, Алена веднаш видела дека се случило нешто лошо. Меѓутоа, никој не можел да ја подготви за тие вести. Прво, не можела да поверува, а потоа почнала хистерично да плаче.

Докторите ѝ дале средства за смирување, а нејзините родители се надевале дека до утредента ќе успее да ја совлада болката.

Но утредента, кога дежурната бабица дошла до породилното, нејзиниот кревет бил празен. На едно хартивче пишувало:

„Извинете, но јас не можам. Што ќе правам сама со три мали деца? Јас едноставно не можам да ги подигнам на нозе. Дајте ги на посвојување. И ве молам не барајте ме, морам да започнам нов живот.“

Истиот ден, веста им била пријавена на родителите на Алена. Бидејќи сè уште биле млади, тие одлучиле да се грижат за децата додека се врати Алена.

Оттогаш поминале пет години, а од Алена немало ни трага ни глас. Децата растеле со брзина на светлината и мислеле дека ги родила нивната баба. На родителите на Алена, тоа не им пречело, не им ја кажале вистината, а ја воспитувале како да ги родиле тие.

Пред неколку месеци на социјалните мрежи Алена споделила нова фотографија: како стои покрај нов маж, додека во рацете го држи новороденото бебе. За неа почнал нов живот.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.