Ги споделила најинтимните моменти со целиот свет: Актерката се породила дома, па го објавила видеото на социјалните мрежи!

Чудна одлука?

ФОТО: Monica Schipper/Getty Images

Убавата актерка не се двоумела дали да ги сподели првите моменти со ќеркичката со своите следбеници

Познатата актерка Хилари Даф се породила пред пет месеци и на свет донела ќеркичка, на која и’ го дала името Бенкс Вајолет Бер. Хилари одлучила да се породи дома, но нејзината одлука го зачудила светот.

Имено, таа неодамна објавила видео на Инстаграм на кое го прегрнува и бакнува своето новороденче, а видливо е и дека плаче од среќа.

https://www.instagram.com/p/BvcGu1lAu9a/?utm_source=ig_embed

„Долго се прашував дали да го споделам ова видео, бидејќи многу е приватно… Прекрасно беше чувството да си го прегрнеш бебето по неговото раѓање. За првпат, сакам да верувам дека ми велеше: ‘Одлична работа, мама!’. Заедно го направивме тоа. Не можам да поверувам дека поминаа дури 5 месеци оттогаш“, била инспирирана Хилари.

Многу обожаватели биле воодушевени од храброста на Хилари, а многумина ја осудиле оваа нејзина постапка, бидејќи станува збор за многу лични моменти што не би требало да му се покажуваат на целиот свет.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.