Жените ширум Македонија се во паника! Лекарите се загрижени, а салонската индустрија молчи. Дали вашата омилена рутина за маникир всушност може да биде опасна за животот на вашето дете?
Стручњаците од целиот свет предупредуваат дека нема доволно истражувања за влијанието на хемикалиите од гел-лаковите и УВ-зрачењето врз здравјето на мајката и бебето. Сè поголем број трудници се одлучуваат за популарниот гел-маникир, верувајќи дека се работи за безбеден третман.
Иако недостатокот на директни студии не значи дека третманот е опасен, тој повикува на претпазливост, особено бидејќи некои супстанции можат да се апсорбираат во телото. Додека стручната јавност не донесе конечен суд, најдобро е да се избегнуваат ризиците и да се следат советите на гинеколозите и дерматолозите.
Што велат стручњаците
Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) ја нагласува важноста од избегнување штетни хемикалии. Д-р Лорен Страхајер, клинички професор по гинекологија и акушерство на Универзитетот Нортвестерн во Чикаго, посочува дека главната загриженост се токсичните супстанции кои се наоѓаат во некои производи, како што е формалдехидот.
Трудниците треба да избегнуваат производи кои содржат отровни хемикалии. Иако количините на формалдехид и толуен во лакот се минимални, треба да се внимава на вдишување на испарувањата и директниот контакт со кожата. Секогаш препорачувам третманите да се прават во добро проветрени простории и да се користат производи со ознака ‘3-free’ или ‘5-free’“, советува д-р Страхајер.
Трудниците што работат во салоните (маникирки) се особено изложени на опасните хемикалии, велат истражувањата, поради долготрајната и честа изложеност – повеќе од клиентките, кои третманите ги користат повремено. Овие студии ја испитуваат изложеноста на метакрилат (кој се наоѓа во некои производи за нега на ноктите) за време на бременоста и доењето.
УВ-лампа
Некои научни трудови укажуваат и на ризикот од УВ-лампите кои се користат за сушење на лакот. Иако маркетингот ги претставува како безопасни, изложувањето на УВ-зрачење може да предизвика мутации во клетките. Прашуваме: дали неколку минути под лампата навистина вредат за ризикот по здравјето на вашето бебе и вашата кожа?
Што да се прави?
Дали тоа значи дека треба да се откажете од убавината заради безбедноста? Не нужно. Стручњаците советуваат да се користат производи со ознака „free“ (без формалдехид, толуен, DBP…) и третманите да се изведуваат во добро проветрени простории.
На вас е да одлучите: дали ќе ризикувате здравјето на своето бебе заради модерен маникир или ќе се определите за природни и побезбедни опции?
Текст: Убавина и здравје