Ешли Греем целосно гола со синот на градите (ФОТО)

Без филтри

Плус-сајз манекенката Ешли Греем за магазинот „Ел“ позираше целосно гола со својот син Исак на градите, а во интервјуто за новото издание, зборува за мајчинството.

Имам неколку членови на семејството кои се бремени и инстинктот ми кажува да им дадам совет, но се воздржувам секој пат затоа што се сеќавам како се чувствував кога другите ми велеа што да правам и ми даваа совети што не ги барав“, искрена е моделката, која првпат стана мајка пред шест месеци.

 

Ако некој ве праша, одговорете, во спротивно држете ја устата затворена. Приказните за мајчинството на социјалните мрежи се надвор контрола“, смета таа.

Таа вели дека ужива во мајчинството, но признава дека наишла помали проблемчиња.

Не можев да поверувам дека за време на бременоста добив стрии на стомакот. Тоа навистина ме уништи, а потоа го запознав Исак и сфатив дека тоа е нешто што го промени мојот живот засекогаш и решив да го славам моето ново тело“, заклучила таа.

 

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.