Ешли Греем: „Лицето на мојата најголема сила“ (ФОТО)

Објави фотка од породувањето

Плус-сајз моделот Ешли Греем ужива во своите родителски обврски, но и не ги заборава сите оние болни моменти од бременоста, породувањето, но и закрепнувањето.

Таа веќе ги покажа стриите, откри дека имала и постпородилни крварења, дека го дои своето бебе секогаш кога е гладно, без разлика каде е, а овој пат одлучи со обожавателите да сподели фотографија од самото породување.

Ова е лицето на мојата најголема сила. Најголемата болка која ја имам почувствувано, но и најголемото достигнување. Без разлика на болката и предрасудите, ние жените сме силни, моќни да постигнеме големи нешта“, напиша таа.

 

Додека едни ѝ се воодушевуваа на храброста, други сметаа дека требало да ја задржи оваа фотографија за себе.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.