Ешли Греам во бикини 6 месеци по породувањето: Ги покажа сите стрии и лузни на стомакот (ФОТО)

Не дозволи да ја фотошопираат

Славната плус-сајз манекенка Ешли Греам кон крајот на јануари на свет го донесе своето прво дете, и одлучи да биде брутално искрена за работите што сега се нејзино секојдневие.

 

 

View this post on Instagram

 

those cheeks tho!!🥺❤️‼️ love you all!!

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Само неколку дена по породувањето, таа се соблече и гордо ги покажа своите стрии. Со таа фотографија заработи импресивни 1,5 милиони лајкови и воодушевување од нејзините фанови.

Истото го повтори кога покажа како изгледа нејзиното тело само 13 недели по породувањето, а потоа откри неколку вежби со кои се обидува да ја врати состојбата.

 

 

View this post on Instagram

 

after pool chilaxin

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) on

Сега, шест месеци по раѓањето на нејзиниот син, Греам е подготвена за работа со полна брзина.

За новата кампања, таа се облече во бикини и потврди дека е горда на своето тело, со стрии, лузни и сè друго.

Таа не пропушти прилика да укаже дека фотографиите, направени во куќата на нејзиното семејство во Небраска, не биле обработени во фотошоп.

Прашањето е секогаш што сакам да се ретушира и отстрани, а јас им реков – ништо“, истакна таа.

 

Ешли отсекогаш била позната по тоа што промовира позитивна слика за телото на жената, но признава дека и требало некое време да го прифати нејзиното ново тело.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.