Експертите откриваат кога е најдобро време да забремените

Сакате бебе?

Целата студија е објавена во научното списание Chronobiology International.

Истражувањето спроведено на Универзитетската болница во Цирих покажа дека сексот пред 7:30 часот ги зголемува шансите за забременување. Тие објаснуваат дека ова е последица на внатрешниот часовник на ејакулатот. Утрото е подобро време за сперматозоидите во споредба со ноќта.

Над 7.000 мажи учествувале во оваа студија во Универзитетската болница во Цирих. Тимот открил дека примероците собрани во текот на пролетта имаат посилна концентрација на сперматозоиди, а забележано било нивно намалување во примероците собрани во текот на летото.

Фото: Pixabay

Двојките кои се обидуваат да забременат треба да имаат секс наутро во текот на март, април и мај. Овие три месеци имаат највисоки резултати за зачнување. Според истражувачите и експертите, сперматозоидите се во најздрава форма и големина во текот на пролетта.

Истражувачите се надеваат дека оваа информација ќе им го олесни зачнувањето на паровите, особено ако досега се бореле со проблеми со зачнување, и се надеваат дека оваа студија ќе го зголеми успехот во третманот со вештачко оплодување.

Фото: Getty Images, Pixabay 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.