Џорџ и Амал Клуни повторно чекаат близнаци?

Двоен благослов

Фото: Getty Images

Џорџ поретко патува во Лос Анџелес, па тој и Амал Клуни одат на брачно советување и не се караат толку често

По гласините за проблемите во бракот на Џорџ и Амал Клуни, до јавноста стигнала многу поубава вест! Според странските медиуми, парот повторно очекува близнаци!

Неодамна, еден извор раскажал како додека престојувал на нивниот италијански имот на езерото Комо, Амал имала трудничко стомаче, а наводно тоа го фатил и еден фотограф.

Како што се наведува, Џорџ е истовремено многу возбуден и многу загрижен поради веста дека ќе добие близнаци. Имено, него го загрижува како покрај двегодишните Ела и Александар ќе се грижат за уште две мали деца.

Новата бременост наводно ги зближила Амал и Џорџ повеќе од кога било претходно.

„Џорџ поретко патува во Лос Анџелес, па тој и Амал почнаа да одат на брачно советување. Веќе не се караат толку често“, рекол изворот.

Сепак, Амал и Џорџ не кажале ништо во врска со ова досега.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.