Десеттото дете го роди на 63 години: Приказната на Александра го шокира светот, а еве како живее денес

Додека многумина на тие години уживаат во пензионерски денови и време со внуците, Александра Хилдебрант донела одлука што предизвика светски реакции – на 63 години повторно станала мајка. Нејзината приказна ја подели јавноста: едни ја осудуваат, други ѝ се восхитуваат, но никого не остави рамнодушен.

Животот на Александра бил исполнет со драматични пресврти уште од младоста. Во 1986 година се нашла во близина на нуклеарната катастрофа во Чернобил, каде што била изложена на радијација која сериозно го нарушила нејзиното здравје. Сепак, успеала да закрепне, а подоцна изјавила дека токму тоа искуство ја направило психички посилна и подготвена за животните предизвици.

Љубов што го променила нејзиниот живот

Голем пресврт доживеала за време на патување во Берлин, каде што го запознала Рајнер Хилдебрант, основачот на Музејот на Берлинскиот ѕид. И покрај големата разлика во години, меѓу нив се родила силна љубов.

Таа се преселила во Германија, каде што започнале заеднички живот и создале семејство. По неговата смрт во 2004 година, Александра останала сама со децата и со огромната одговорност да раководи со музејот. Но животот повторно ѝ донел љубов преку бракот со Даниел Дорман, со кого продолжила да го гради семејството.

На 63 години повторно станала мајка

Во подоцнежните години од животот Александра родила уште неколку деца, а најголемо внимание предизвикало раѓањето на нејзиниот син Филип на 19 март 2025 година, кога таа имала 63 години.

Породувањето било извршено со царски рез, а бебето се родило здраво.

Веста брзо се проширила низ светот и предизвикала бурни реакции на социјалните мрежи и во медиумите. Дел од јавноста ја нарекол храбра и инспиративна жена, додека други сметале дека мајчинството на толку доцна возраст отвора сериозни прашања.

„Нема место за умор“

И покрај бројните обврски, Александра денес води исклучително активен живот. Таа управува со Музејот на Берлинскиот ѕид, учествува во општествени проекти и планира нови иницијативи.

Тврди дека во нејзиното секојдневие „нема место за умор“.

Нејзината рутина вклучува дисциплина, здрав начин на живот и редовна физичка активност, како пливање и долги прошетки. Избегнува лоши навики, а лекарите кои ги следеле нејзините бремености истакнале дека нејзината здравствена состојба била изненадувачки добра – дури и подобра од кај многу помлади жени.

Јавноста и натаму поделена

И денес мислењата за нејзината одлука остануваат поделени. Додека едни сметаат дека таа ги поместила границите и покажала дека животот нема возраст, други се прашуваат колку е одговорно да се стане родител во толку доцни години.

Но Александра не крие дека е среќна со својот избор.

Таа верува дека мајчинството нема старосна граница и дека годините не треба да одредуваат како некој ќе го живее својот живот.

Видео: Youtube

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе