Честер е роден 500 грама тежок и се бори за живот, а вака му помага поголемиот брат: Најубавото нешто што ќе го видите денес!

Приказна што го топи срцето

Оваа приказна е доказ дека љубовта може да се почувствува од раѓање и дека е лековита!

Предвремено родено момче се бори за својот живот од своето раѓање, но неговиот брат близнак прави нешто чудесно за него, поради што тоа закрепнува.

Честер Грејвс и брат му Отис се родени прерано во 28-та недела од бременоста на 15 јули оваа година. Честер бил тежок неполн половина килограм, додека Отис бил три пати поголем и тежел 1559 грама.

По шест недели, Отис бил пуштен на домашна нега, но малиот Честер се бори за својот живот од своето раѓање, а сега стигнал до 1580 грама. Родителите, Кели Грејвс (32) и сопругот Били (35) од Бенфлит не се ни сомневаат дека чудесната борба на Честер е последица на врската што ја дели со својот еднојајчен близнак Отис.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

Нивната прва средба се случила на 22 септември. Отис спиел, а Честер не можел да го тргне погледот од брат му кого го поставиле да легне покрај него. Трогателната глетка била забележана и на камера, а се случила во неонаталната единица во болницата Саутенд, каде што Честер веројатно ќе помине уште два месеца.

Момчето сè уште е во инкубатор на кислород

Момчето сè уште е во инкубатор и прима кислород, а родителите се надеваат дека во декември конечно ќе си дојде дома.

Мајката раскажала што точно се случила. Компликациите започнале во 16-та недела од бременоста, кога Кели дознала дека Честер е помал од брат му. Разликата во големината на близнаците била последица на состојба што се вика селективно интраутерично ограничување на растот, поради што Честер не ги добивал потребните хранливи материи од постелката, со што се забавил и неговиот раст. Затоа, во 19-та недела од бременоста била примена во болницата Кингс Колеџ во Лондон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

„Подлегнав на ендоскопска ласерска операција која беше изведена за да се одвојат бебињата во матката. Тоа беше направено за во случај Честер да не преживее, Отис да биде заштитен од смрт или трајно оштетување на мозокот“, појаснила таа.

По операцијата, Честер качувал во просек по 25 грама неделно, а Отис по 100. На Кели во 28-та недела од бременоста ѝ пукнал воденикот и подлегнала на царски рез.

„Отис беше роден прв и беше ставен во инкубатор. Потоа, пристигна и Честер. Имаше воспаление на ткивата во цревата и дупка во срцето, која за среќа, се затвори. Мораше да оди и на операција на окото.“

Трите постари деца сè уште го немаат запознаено

Родителите имаат и три поголеми деца, кои сè уште не успеале да го запознаат Честер поради ограничувањата поврзани со коронавирусот, но едвај чекаат да си дојде дома.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kelly Graves (@miracletwins_plus3)

„Отис е со нас, но чувството е горчливо-слатко, бидејќи не можеме да уживаме додека и двете бебиња не бидат со нас“, заклучила мајката.

Се надеваме дека Честер ќе му се придружи на семејството што поскоро, а неговата приказна уште еднаш покажа дека чудата се возможни и дека љубовта победува сè!

Халима родила 9 бебиња и го срушила светскиот рекорд: Еве како изгледаат! (ФОТО, ВИДЕО)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.