Бремената пејачка побара помош од обожавателите: „Има ли лек за ова? Помош!“
Фотографијата со која ги загрижи своите следбеници на Инстаграм
Згодната пејачка и актерка Џесика Симпсон, која третпат е бремена, ги има маките и проблемите со кои се среќаваат голем број трудници.
Таа својот проблем го сподели со следбениците на Инстаграм, барајќи помош.
Има ли лек за ова? Помош!“, Џесика напиша во описот на фотографијата на која се гледа нејзиното отечено стапало.
Душо, нема лек освен породување. Но мислам дека твојата нога премногу отекла. Најдобро би било да се јавиш на лекар, за секој случај“, гласи еден од коментарите на нејзините обожаватели.