Борба со стерилитет: Многу сакам да родам…

Доколку се најде некој патоген, итно мора да се елиминира

Голем број двојки имаат само една желба – да остварат потомство. Понекогаш тоа оди многу тешко, но не губете ја надежта. Обидете се да пронајдете решение читајќи туѓи искуства

? „Имам 28 години и веќе четири години живеам во складен брак, но постои еден проблем – никако не можам да забременам. Имам воспаление на јајниците, толку многу се лекував, но ништо не помага. Мажот ми и јас сакаме дете. Ве молам, посоветувајте ме и помогнете ми!“, пишува нашата читателка Гордана од Струмица.

Причина за вашата неплодност најверојатно е воспаление на аднекситисот (јајниците и јајцеводите), кое, судејќи по сѐ, е хронично. Тоа најчесто е патологија помеѓу воспалителни заболувања на внатрешните генитални органа и може да доведе до проблеми со оплодувањето.

Воспалителниот процес почесто го зафаќа јајцеводот отколку јајникот, кој го зафаќа малку подоцна.

Воспаление предизвикуваат бактерии како стафилококи, ешерихија коли, протеус, клебсиела, стрептококи итн. Гонореја, кламидија и микоплазма исто така може да влијаат на плодноста доколку не се лекуваат адекватно.

Затоа, пред да почнете со лекување на наведеното заболување, направете детални анализи и преглед – жената кај искусен гинеколог, а мажот кај уролог.

Доколку се најде некој патоген, итно мора да се елиминира (паралелно и мажот и жената, без обѕир на тоа кај кого ќе се пронајде), а по контролата, доколку сѐ биде во ред, лекувајте се со лековити билки, биопрепарати, имуномодулатори и сл.

ПОБАРАЈТЕ ПОМОШ ОД ТРЕВКИ

Од лековитите билки, како за орална примена така и за миење, набавете ги и применувајте ги следните билки: кора од врба, медуника, цвет од бозел, лист од малина, кора од топола и кора од јасика.

Овие лековити билки имаат изразено противвоспалително дејство и доколку станува збор само за воспаление – може да бидат ефикасни.

* Од кората се прави одвар: лажица иситнета суровина прелејте со половина литар вода. Поклопен варете го на тивок оган 30 минути. Оставете го да отстои 40 минути. Пијте по половина шолја, четири пати дневно, независно од јадењето.

* Од листовите, стеблата и цветовите исто така направете одвар: лажица иситнета билка прелејте со половина литар вода. Варете го 15 минути на тивок оган, поклопен, па оставете го да отстои 40 минути. Четири-пет пати на ден пијте по половина чаша, независно од јадењето.

Третманот со одварите трае два-три или повеќе месеци.

* Во домашни услови пригответе противвоспалителен чај: помешајте по 100 г кора од врба, медуника, жалфија, иван-чај и исландски лишај, 40 г мајчина душица и 20 г нане. Начин на приготвување: две лажици од мешавината прелејте со литар воае.

Поклопен варете го на тивок оган 25 минути. Оставете да отстои 40 минути. Пијте по половина шолја пет-шест пати на ден, независно од јадењето. Лекувањето трае два–четири, па и повеќе месеци.

* Набавете ги овие лековити тревки и пригответе мешавина што ќе ја користите за миење: по 100 г жалфија, мајчина душица, медуника, стебленца и цветови од камилица, 20 г нане, 200 г исландски лишај.

Пригответе го одварот за надворешна примена: три-четири лажици од мешавината прелејте со 800 мл вода. Варете го 30 минути на тивок оган, поклопен. Оставете го да отстои 40 минути, па исцедете го. Топлиот одвар користете го за миење наутро и навечер. Третманот трае две-три или повеќе недели.

>Правилната и редовна употреба на чаевите и одварите од лековити билки, кои имаат противвоспалително, антисептичко и антибактериско дејство, во повеќето случаи овозможува да се ослободите од воспалителниот процес во женското генитално подрачје и да водите квалитетен живот, со можност да забремените и да станете мајка.

Патем, во текот на зимата топло препорачувам дневно да земате од две до пет капки тинктура од црвена четка (лат. Rhodiola quadrifida) за да го зајакнете имунитетот.

Извор: Владимир Николаевич Вишњев, лекар и фитотерапевт за „Руски доктор“

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.