Богатата трпеза е посебно искушение за трудничкиот апетит, затоа внимавајте на своето мени!

Идни мајки, внимание!

Знаеме колку е тешко да се совлада апетитот во бременоста. Сепак не треба да му се препуштите на уживањето во храната, затоа што подоцна многу тешко ќе се ослободите вишокот килограми, кој може да има многу штетни последици.

Ризик од дијабетес

Жените што за време на првата бременост ќе качат повеќе од 5,5 кг ризикуваат за време на втората да заболат од гестациски дијабетес. Иако овој тип дијабетес најчесто се повлекува по породувањето, сепак може да доведе до компликации за време на бременоста, како и до појава на дијабетес тип 2 подоцна во животот, како кај мајката, така и кај детето.

Се разбира дека не е лесно да се симне вишокот килограми меѓу две бремености, но имајте предвид дека ако симнете дури и два килограми го намалувате ризикот од дијабетес дури за 50%. Клетките во нашиот организам најдобро апсорбираат шеќер кога тежината е нормална.

Што можете да преземете?

Иако мајчинството не ви остава многу време за посета на фитнес-центри, доењето, кое согорува 500 калории дневно, може да ви помогне во регулирањето на телесната тежина. Исто така, прошетките со бебето се одлична рекреација.

Текст: Убавина и здравје

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.