„12 години чував туѓо дете, мислејќи дека е мој син“: Кога дознал кој му е биолошкиот татко, се шокирал!

Искуство на татко што чувал туѓо дете

Благодарение на ДНК тест, американски брачен пар открил дека нивниот син не е биолошко дете на мажот, поради грешка на клиниката за вонтелесно оплодување

Дона и Вејнер Џонсон од Америка, од чиста љубопитност и забава, одлучиле да купат комплет за тестирање ДНК. Не можеле ни да си замислат дека таа одлука за само еден месец комплетно ќе им го промени животот. Кога ги добиле резултатите, откриле шокантна вистина – нивниот тогаш 12-годишен син, зачнат во клиника за вонтелесно оплодување, не му е биолошко дете на Вејнер.

Шок во болницата – вистината излегла на виделина

Додека заедно ги прегледувале резултатите во болницата, Вејнер останал без зборови. Покрај името на неговата сопруга Дона, јасно стоело дека таа е мајката, но во полето „татко“ пишувало – непознато.

„Кога го видов тоа, си помислив: како мислите непознато? Јас сум неговиот татко!“, изјавил тој во разговор за американска телевизиска станица.

ДНК тестот ја открил грешката на клиниката

Дона прво помислила дека дошло до техничка грешка, но дополнителните тестирања го потврдиле сомнежот – нејзиниот постар син му бил полубрат на помалиот, што значело дека при постапката за оплодување дошло до замеа. Нејзината јајце-клетка била оплодена со сперма од непознат донор, а не со спермата на нејзиниот сопруг.

„Свесни сте дека постои можност да се случи нешто вакво, но никогаш не помислувате дека тоа може да ви се случи токму вам“, изјавил Вејнер.

Емоции и одлука да останат семејство

Иако шокот бил огромен, сопружниците нагласиле дека љубовта кон нивниот син никогаш не била доведена до прашање.

„По сознанието, моравме да поминеме низ бура од емоции, но едно нешто беше сигурно – нашиот син и понатаму е наше дете“, рекол Вајнер.

Родителите му ја кажале вистината на синот кога одлучиле да го пронајдат неговиот биолошки татко. По детална потрага, успеале да го лоцираат и дошло до, како што Вејнер го опишува, „најлудиот разговор во животот“. Излегло дека мажот чија сперма била искористена за оплодувањето тој ден бил во истата клиника со својата партнерка, потполно несвесен за грешката што подоцна ќе излезе на виделина.

Тужба против клиниката

И двете двојки одлучиле да покренат тужба против клиниката за вонтелесно оплодување.

„Тоа што го поминавме беше страшно. Не сакаме вакво нешто да му се повтори некому друг. Ваквите работи се неприфатливи“, рекол Вејнер.

Додал и дека очекувале повеќе разбирање и емпатија од самата клиника, но тоа не се случило. Поради сето тоа што го поминале, одлучиле да побараат правда на суд.

ФОТО: Фејсбук

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе