Време е за подарок: Сет за нега на мрсна кожа на лицето Love Nature

Овој и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

„Орифлеим“ ќе израдува една читателка со сет за нега на мрсна кожа на лицето Love Nature, составен од гел за миење лице, масло за чистење, лосион за лице, маска & скраб и од тоник за лице.

Мрсната кожа има потреба од посебна нега или, уште подобро, нега богата со природни состојки! Ви ја претставуваме најновата линија на Love Nature со органско чајно дрво и лимета, направена за потребите на мрсната кожа!

 

1. Органски добиени состојки

Новите состојки во производите Love Nature се добиени од одржливи органски фарми, што значи дека нивното влијание врз средината е намалено преку некористење пестициди. На овој начин подобро можеме да ги заштитиме нашиот екосистем, водата и почвата!

2. Твојата кожа може да ужива во својствата на природни состојки

Ќе ги обожаваш ефектите на маслото од чајно дрво и лимета на твојата кожа. Оваа линија содржи гел за миење лице, пилинг-маска, тоник и дневен крем, во кои можеш да уживаш секој ден!

  • Прочистувачко етерично масло од чајно дрво
    Обожавано поради своите антимикробни својства, маслото од чајно дрво дејствува против мозолчињата и ја зголемува хидратацијата на кожата.
  • Лимета против вишок сјај
    Екстрактите од лимета ќе ја освежат твојата кожа со своите својства за тонирање и отстранување на вишокот сјај. Нашите рачно набрани лимети потекнуваат од сончевата држава Колима, лоцирана на пацифичкиот брег на Мексико, што значи дека тие се од највисок квалитет!

3. Го добиваш најдоброто од природата

Сите екстракти од нашите главни состојки гарантирано се одгледувани, набрани и преработени без користење хемикалии. Оригиналните својства на растенијата се зачувани, за твојата кожа да биде помалку изложена на непотребни материи. Наместо тоа, таа ќе апсорбира повеќе добри природни состојки!

Доколку сакате да го добиете овој подарок, треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од јунската „У&З-лавина од подароци“.

Добитниците од „лавината на подароци“ ќе ги објавиме во јулскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

 

 

Прочитајте и
1 коментар
  1. Smilja вели

    Top ste.Nbr1 vo Makedonija a isto i nagradive se super kvalitetni.pozdrav i samo taka prodolzete.

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.