Утре се одржува конференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото во организација на ПроКредит Банка и ЕБОР

Утре, во ресторанот Ragusa Rooftop 360 со почеток од 10:00 ч ќе се одржи Kонференција за млади претприемачи и жени во претприемништвото под слоганот „Круг на нови можности“, во организација на ПроКредит Банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Како дел од новите програми за поддршка, Youth in Business и Women in Business, оваа конференција претставува прв од низата најавени настани за размена на искуства и вмрежување на овие две групи претприемачи, во рамки на мисијата за поддршка на локалните бизниси и промоција на претприемништвото во Македонија.

На настанот своите приказни ќе ги споделат истакнати и успешни претприемачи од локалната заедница, Ирена Јакимовска, сопственик и управител на Comfy Angel и Нино Карас, ко-основач на Codewell AI, а ќе се одржи и панел-дискусија „Претприемништво – Од предизвици до можности“, во која ќе учествуваат Петар Ниновски, CEO на Brainster и oсновач на Brainster Next колеџ; Ангела Настевска, внатрешен консултант на Кентаур Импекс; Билјана Менкиноска, менаџер на El Mundo; и Маја Столевска Костадинова, менаџер на националната програма за советување на бизниси при ЕБОР.

Во рамки на конференцијата присутните ќе имаат можност да се запознаат со финансиските поволностите за жени претприемачи и млади претприемачи кои се дел од новите бизнис пакети на ПроКредит банка.

Повеќе детали за агендата на следниот линк.

Не пропуштајте ја последната шанса да го резервирате вашето место на следниот линк.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе