Зимски фестивал на книгата во ТРИ

За среќна и читачка Нова година полна со убави мисли и приказни – Зимски фестивал на книгата во ТРИ!

Во книжарниците на ТРИ денес започнува популарниот Зимски фестивал на книгата кој секоја година ја носи најдобрата книжевна понуда во градот. Настанот што традиционално ја заокружува читачката година и овој пат нуди неодоливи новитети, попусти на сите изданија, како и дополнителни акции, промоции и наградни игри кои ќе се случуваат од 21 декември до 31 јануари 2021, во книжарниците и онлајн.

Започнете ја Новата година со нови поглавја и исполнете го списокот за читање со актуелни и возбудливи приказни.

Големи попусти

Фестивалот носи разновидна понуда на книги од сите жанрови, со сезонски попусти од 20 до 70 % на над шестотини изданија на ТРИ и на Паблишер, избор од 60 наслови по специјална цена од само 99 денари, екстра попуст за купени 3 или повеќе книги и многу други изненадувања за читателите. Освен неповторливите понуди на цените и извонредните нови наслови, Фестивалот ќе понуди и инспиративна празнична еуфорија која ќе ве воодушеви – оригинално бесплатно пакување и мини честитка, како и изненадувања за најмладите.

Пакети со трајна вредност
Во пресрет на новогодишните празници и сезоната на подарување, Фестивалот нуди навистина квалитетен и широк избор на книги за подарок – за себе, за блиските и за подалечните, вредни дела од најразлични жанрови и за сечиј вкус. Креативно спакувани и со убава порака, новогодишните пакетчиња за деца и возрасни во ТРИ се подарок што секого ќе освои од прва.

Промоции

Фестивалот стартува со ексклузивна промоција на две нови книги од најчитаниот автор на трилери во моментов – Ју Несбе, романите „Жед“ и „Нож“, 11. и 12. продолжение од прочуениот серијал за инспекторот Хари Хуле. Следуваат ексклузивни нови изданија – романи од Харуки Мураками, трилери од Шари Лапена и Карен Мекманус, нови книги од гуруата Тони Робинс и Брајан Трејси, Ошо и Дипак Чопра, нов прирачник за личен развој „THRIVITY АКТИВАТОР“, психолошките бестселери „Детето во тебе мора да си го пронајде својот дом“ и „Ајде да ти раскажам“, многу нови и интересни изданија за деца – „Азбука“ на Стела и Сани, романи за деца од Ју Несбе и Мет Хејг и многу актуелни наслови кои можете да ги погледнете во фестивалскиот каталог: http://kniga.mk/pdf/Katalog.pdf.

Празнувај каде и да си

Фестивалот на книгата ќе се одвива во книжарниците на ТРИ – ГТЦ, Дебар Маало и ТЦ Зебра, но и онлајн на www.kniga.mk (понуда со изданија), www.prikazni.mk (блогот на ТРИ со сите информации и новини). Целата понуда на Фестивалот е достапна за онлајн-нарачки, кои ќе пристигнат во вашиот дом за само неколку дена и во убава, новогодишна декорација.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.