За спокојно и безгрижно лето: Еве зошто очилата за сонце се неопходни и за вашето дете!

За да уживате максимално во мајчинството без обврски и проблеми, подарете си мирни и спокојни денови за вас и вашето малечко со производите на BANZ

Доколку сè уште се прашувате зошто вашето малечко треба да носи очила за сонце, треба да знаете дека тие се неопходен и важен додаток за да ги заштитите очите на бебињата и децата од штетните сончеви зраци.

Откако децата ќе се родат до околу 10 години, немаат филтри  во окото за ги блокираат УВ-зраците. Всушност, може да направите повеќе штета доколку ставите инфериорни (несоодветни и слаби категории очила).

За оптимална заштита на очите на вашите најмили, Офтамолошкото здружение препорачува да се носат леќи кои блокираат од 99 до 100% од УВА и УБА штетните зраци. Препорачливо е, децата да носат и капа за максимална блокада на штетните зраци.

 

 

Токму од овие причини, летото е идеално време да им обезбедите соодветна заштита на вашите малечки со помош на очилата за сонце од австралискиот бренд BANZ. Материјалот од којшто се изработени овие очила за сонце е поликарбонат. Овој материјал ги прави рамките на BANZ практични,флексибилни , меки и пријатни за носење дури и подолг период. Ова е најбезбедниот материјал кој се препорачува за детски очила.

За да уживате максимално во мајчинството без обврски и проблеми, подарете си мирни и спокојни денови за вас и вашето малечко со производите на BANZ. , како што се УВ-облека, очила за сонце, шешири, костими за капење, очила за пливање…

 

За Брендот

BANZ, Baby BANZ inc. е Австралиски дизајниран бренд за деца кој постои од 2001-ва година на светскиот пазар. BABY Banz веќе подолго време е  во ТОП 10 листата во производи кои се препорачани од педијатари низ цел свет. Број 1 бренд кој нуди опрема со највисока заштита од УВА, УВБ И УВЦ зраците за вашите малечки како и опрема за заштита од бучава и непријатни звуци, кои можат да го оштетат слухот на вашите деца или да ги вознемират.

Сите производи се специјално дизајнирани и изработени од безбедни материјали, испитувани во најдобрите лаборатории во Сиднеј, со што секој производ поседува Сертификат за безбедност и ги исполнува условите и стандардите за највисока заштита. Освен тоа, производите се и ултраудобни за вашите најмили, модерни и изработени за долготрајна употреба.

 

Овозможете му на вашето дете безбедно растење,и зачувајте му ги здрави најважните сетила за вид и слух, како и кожата која е подложна на УВ зраци при секојдневните активности. Производите се достапни за бебиња од 0 и деца до 15-годишна возраст во многу модерни и забавни дезени.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.