За најнежната кожа – најнежните марамчиња

Дали ги читате состојките на производите за нега?

WaterWipes се единствените марамчиња кои безбедно може да ги користите доколку Вашето дете има егзема или атопичен дерматит

Егзема, атопичен дерматит и црвенило на кожата се многу чести појави кај бебињата, особено кај новороденчињата. Нивната кожа е 20-30% потенка од нашата, што значи дека е многу чуствителна и склона на сушење и алергиски реакции.

Во првата година кожата постојано се развива, заштитната функција на епидермисот и стратумкорнумот се подобрува што значи дека густината и структурата на кожата се целосно оформени до тогаш. Затоа е многу важно она  што се нанесува на нежната бебешка кожа во првите 12 месеци.

WaterWipes се создадени да бидат нежни на кожата како да употребувате вода и памук, а сепак да ја имаат практичноста и функционалноста на влажни марамчиња. Создадени се од Едвард, татко кој никако не можел да најде соодветни марамчиња за неговата ќерка која имала сериозен пеленски осип. Сите марамчиња кои ги користел имале хемикалии кои не само што сами по себе се штетни за кожата, туку и црвенилото го прават полошо.

Негата на кожата кај бебињата е особено важна, но може да биде и голем стрес кај родителите доколку бебето е со осетлива кожа и склоно на алергии и црвенило.

Како што внимаваме на тоа што внесуваме во телото, односно што даваме на децата да јадат, кои се состојките на храната, дали е тоа некаков алерген и слично, на ист начин мора да внимаваме и што нанесуваме на телото, односно на кожата, бидејќи тоа се впива и навлегува во нашиот организам.

Дали ги читате состојките на производите за нега?

Ако ги земете марамчињата WaterWipes, во делот каде што се наведени состојките ќе видите дека има само две состојки: 99.9% вода и 0.1% екстракт од грејпфрут. Произведени во Ирска, во услови како што на ист начин произведуваат и лекови, WaterWipes се произведени по единствена, патентирана технологија каде што водата е прочистена 7 пати за да се отстранат нечистотиите и да се омекне и прочисти водата. Поради тоа WaterWipes се единствени влажни марамчиња кои содржат 99.9%, а не 99% како некои други. Исто така се додава втората состојка, а тоа е екстракт од грејпфрут како природен регенератор за кожата, бидејќи ако е само вода тоа може дополнително да ја исуши кожата. Токму поради тоа WaterWipes се препорачуваат за таа намена, наместо да го бришете бебето со обична вода или провриена вода.

Одобрени од National Eczema Association of America, Allergy UK, National Eczema Association of Australia, Association Française pour la Prévention des Allergies – AFPRAL и од доктори, акушерки и дерматолози низ целиот свет. WaterWipes се единствените марамчиња кои безбедно може да ги користите доколку Вашето дете има егзема или атопичен дерматит. Впрочем, WaterWipes се толку нежни што се препорачуваат и за нега на кожата на предвреме родени бебиња.

Но, имаме и неколку совети за употреба на WaterWipes.

Бидејќи не содржат никакви хемикалии што ја врзуваат водата доколку ги оставите подолго на едно место целата вода може да се слее на дното па кога ќе го отворите пакетчето првите марамчиња да се посуви.

Затоа препорачуваме пред да ги отворите да го свртите пакувањето и неколку пати да го истискате пакетчето за водата да се разлее подеднакво. WaterWipes треба да се искористат во рок од 4 недели по отворање бидејќи поради тоа што не содржат хемикалии, во подолг рок може да се исушат побрзо.

Повеќе за WaterWipes може да прочитате и на нивната веб-страна www.waterwipes.mk или на Instagram: water.wipes.macedonia

ТЕКСТ И ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.