WOW ФАКТОР – Сезоната на забави пристигна!

Сезоната на забави е веќе тука, а Parfois има сè што Ви треба за да имате најдобри и најкул комбинации

Знаеме колку е тешко да се одберат вистинските парчиња кога се подготвуваме за забава. „Дали сум премногу или премалку дотерана?”, “Што ако и некој друг се облече како мене?” Parfois го има одговорот на овие прашања – бидете креативни и бестрашни и комплетирајте го Вашиот изглед со модни додатоци!

Колекцијата под името WOW фактор нуди неколку елегантни фустани со винтиџ инспирација во жолта и бела боја, како и ултра модерниот тренд неон и нежно розова.

За да ги поврзе сите овие стилови заедно, Parfois создаде колекција накит од сребро 925, деликатни парчиња во сребрени и златни нијанси со бисери и елементи во боја.

Додатоците за коса  се исто така украсени со бисери, а очилата со големи рамки доловуваат вистински Одри Хепберн изглед.

Чантите од рафиа се украсени со монистри и привезоци, додека пак чевлите со и без високи потпетици го комплетираат изгледот со соодветна доза елеганција каква што ви е потребна.

Parfois оваа сезона презентира колекција за сезоната на забави, која е полна со контрасти, винтиџ парчиња со детали кои ќе го направат Вашиот изглед модерен и полн со живот.

Подготвени за забава?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.