What the Fun: essence го собра регионот во Будимпешта и ги прослави убавината, креативноста и забавата

Настанот собра медиуми и инфлуенсери од друи 11 земји, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Романија и Унгарија – потврдувајќи го статусот на essence како најпродаван европски бјути-бренд

Деновиве Будимпешта беше во знакот на препознатливата розова боја на essence, по повод настанот What the Fun – круна на регионалниот проект WHAT THE F**, кој ја заинтригира јавноста со мистериозна кампања и на крај, ја откри својата суштина: FUN.

Настанот собра медиуми и инфлуенсери од друи 11 земји, Словенија, Босна и Херцеговина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Македонија, Албанија, Косово, Бугарија, Романија и Унгарија – потврдувајќи го статусот на essence како најпродаван европски бјути-бренд.

По периодот поминат во љубопитност поттикната од кампањата со мистериозен розов куфер, која го најави доаѓањето на нови производи и искуства, Будимпешта стана совршената кулиса за откривањето на вистинското значење зад „F**“. Првата вечер помина во опуштена атмосфера, со неформално дружење и кул интервјуа со гостите кои ги споделуваа своите омилени производи на essence и задолжителните бјути-моменти.

Вториот ден беше посветен на креативноста и одржливоста, преку работилница и „направи сам“ активација учесниците изработуваа персонализирани натписи на рециклирани, „винтиџ“ половни кошули. Спојот на забава и одговорен пристап покажа дека убавината може да биде и креативна и свесна, без да се прави компромис за стилот.

Вечерта кулминира со голема пинки забава, со диџеј, впечатливи розови стајлинзи и енергија која целосно ја отелотвори филозофијата на essence, слободата на изразувањето, заедништвото и, пред сè, забавата.

What the Fun во Будимпешта не беше само настан, туку искуство кое уште еднаш потврди дека essence не е само бјути-бренд, туку движење кое ги слави индивидуалноста, креативноста и FUN како своја најголема инспирација.

ФОТО И ТЕКСТ: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе