Во фокусот: Дознајте се’ за напредната техника за подмладување со мезоконци

Бјути-иновации

Мезоконците се напредна техника за долготрајно подмладување, а нешто повеќе за оваа иновација во светот на убавината, ни откри сертифицираната лекарка д-р Наташа Старковска Спасова од стоматолошката ординација „Никол дент“

Мезоконците се иновативна техника за долготрајно подигнување и затегнување на кожата и поткожните ткива на лицето и телото. Се работи за флексибилни хируршки конци кои се аплицираат на соодветна длабочина во кожата и постигнуваат извонредни резултати во процесот на подмладување.

Разговаравме со сертифицираната лекарка д-р Наташа Старковска Спасова од стоматолошката ординација „Никол дент“
Како функционираат?

Со аплицирање мезоконци се стимулира создавање нов, природен колаген, кој се губи со текот на годините. Ефектот е веднаш видлив, но се интензивира по два-три месеца кога ќе почне да се создава нов колаген. Затегнувањето продолжува до шестиот месец и останува така повеќе години – всушност никогаш повеќе лицето не се враќа во првобитната состојба! 3Д-конците се вмрежуваат и на тој начин ефикасно го затегнуваат лицето. По нивното комплетно ресорбирање, на нивното место останува ново формирана колагенска мрежа, која дава долготраен младешки изглед и затегнатост на кожата.

Нешто повеќе за третманот…

Мезоконците се изработени од истиот материјал кој долги години се користи во кардиохирургијата и се сосема безбедни. Тие целосно се ресорбираат за 6-9 месеци, но на нивното место останува нова мрежа на колагенски влакна која прави долготраен лифтинг. Третманот е речиси безболен, интервенцијата не трае долго, а клиентите веднаш можат да им се вратат на секојдневните обврски.

За што сè може да се користи овој третман?

Со мезоконците, покрај што се измазнуваат брчките, најефектен лифтинг може да се направи на средниот дел и долната третина на лицето и вратот, подбрадокот и деколтето. Одлично се затегнуваат и надлактицата, стомакот, натколениците и внатрешните бутови.

Кога да се почне со третмани?

Не постои старосна граница за овој третман. Индивидуално е тоа кога се губи тонусот на кожата и кај секого се случува во различен период.

Колку третмани се потребни?

Во една регија, доколку се стават доволен број конци, најчесто нема потреба од повторување. Но може да се додаваат конци, како и да се комбинираат со други техники за подмладување.

Дознајте повеќе во „Никол дент“: Адреса: Водњанска 5/4, Скопје l Тел: 02 3 179 870, 078 413 533

Инстаграм: nikoldent_, dr.natasha.mk I Фејсбук: Nikol Dent, dr.natasha.mk

ТЕКСТ: ПР

ФОТО: ПР, GETTY IMAGES

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.