Во чекор со убавината и здравјето: Болница Analife

Модерни постапки кои на клиентите им ги гарантираат посакуваните промени

Општата болница Analife во Белград е специјализиран медицински центар, со врвен тим стручњаци во своите области.

Болницата располага со специјализиран центар за експертски 3Д и 4Д-ултразвучни прегледи, дијагностика, интернистички, гинеколошки прегледи, пластична и реконструктивна хирургија, физикална медицина и рехабилитација и вонтелесно оплодување.

Во ерата на естетските корекции, поразговаравме со директорката на болницата д-р Ана Михољчиќ за брзорастечкиот тренд за негата на здравјето и убавината преку модерните постапки, кои на клиентите им ги гарантираат посакуваните промени.

Д-р Ана Михољчиќ, директорка на општата болница Analife, Белград

Иако сѐ уште постојат предрасуди за естетските постапки, денес сѐ повеќе луѓе од двата пола корективните и реконструктивните постапки ги доживуваат како дел од грижата за себе и своето здравје.

Исто како и одењето на стоматолог, го решаваат проблемот, кој е извор на незадоволство и силно влијае на квалитетот на животот.

Самодовербата е тесно поврзана со физичкиот изглед, а за придобивките од промените на своето лице и телото како резултат на естетските и реконструктивни постапки секојдневно ни сведочат нашите задоволни клиентки, кои од најразлични причини ни се обраќаат нам.

Некогаш станува збор за трка со годините и процедури што го враќаат младешкиот изглед, но и за корекции на наследени карактеристики на лицето и телото, кои се извор на незадоволство на нашите клиенти, како и за реконструктивни постапки што се причина за неизмерна среќа кај клиентите што од различни причини се стекнале со некаков деформитет или променет изглед на лицето и на телото.

 

МОДЕРНИ И ИНОВАТИВНИ ПОСТАПКИ

Во општата болница Analife во Белград можете да ги направите сите видови пластични, естетски и реконструктивни операции што се изведуваат во светот. Секој клиент и неговите потреби се различни, па, во согласност со тоа, се избираат техниките за операција.

Кога станува збор за естетиката на градите, некои клиентки имаат потреба од поголем волумен, други за корекција на формата, трети за поткревање на градите, намалување на волуменот поради изгледот, но и болките во грбот како резултат на тежината на дојките…

Во согласност со потребите, се применува лифтинг, зголемување со импланти или со сопствено масно ткиво – fat grafting на градите.

При корекција на нос, во болницата се изведува техниката „графт“, преку која ’рскавицата и коската се сечат и моделираат и се враќаат во носот во посакуваниот облик, приспособен на природниот изглед на лицето. По овој зафат, резултатите се видливи речиси веднаш, а и клиентот веднаш си заминува дома.

 

ЛИСТА НА КОРЕКТИВНИТЕ ПОСТАПКИ

– Операции на градите

– Зголемување на градите со импланти

– Зголемување на градите со масни и матични клетки

– Намалување и подигање на градите

– Ласерска липосукција на стомакот, рацете и на нозете

– Абдоминопластика – дермолипектомија – исекување на вишокот кожа од стомакот, пластика на стомачните мускули, внатрешните делови на бутовите

– Лифтинг на лицето

Face Lift/Macs Lift – затегнување на кожата на лицето и на вратот

– Подигнување на веѓите и на челото

– Затегање на горните и долните капаци

– Зголемување и намалување на усните

– Операција на носот

– Трансплантација на масти во лицето, усните, градите и во задникот

ЗА ПРОБЛЕМИ СО ЗГЛОБОВИТЕ: АРТРОСКОПИЈАТА КАКО ПРВ ИЗБОР

Артроскопијата е најсовремена ортопедска хируршка постапка во чии рамки низ минијатурни резови се внесуваат камера и специјални инструменти за дијагностика и хируршко решавање на проблемот со зглобот. Резовите се минимални, а со самото тоа можноста за инфекција или компликации е сведена на минимум.

Артроскопијата е прв избор за оперативно решавање на проблемите со лактите, рамената, колената и скочните зглобови. Најдоброто е што пациентот може веднаш да оди дома, без големи лузни. Но по артроскопијата и класичните операции, клучна е рехабилитацијата.

И врвните спортисти само четири дена по изведената постапка одат во вежбалница благодарение на CPM-роботот. Овие машини најбрзо го враќаат комплетниот обем на движењата веднаш и по симнувањето на гипсот или друг тип имобилизација, а даваат одлични резултати и при стари повреди.

Ако кај класичната физикална терапија е потребно време, кое некогаш трае и со месеци, па и со години, со овие роботи најчесто се потребни 5-10 терапии, со траење од еден час.

Бидете во тек со најновите подвизи и случувања на болницата Analife:

www.analife.rs

Инстаграм: opsta_bolnica_analife

Фејсбук: Bolnica AnaLife

Телефони: +381 11 319 68 08, 319 68 09, 319 68 11, 319 68 08

 

Текст и фото: ПР

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време