Vitrum Guard – регистриран македонски бренд

Средството е пред се наменето за третман на туш кабини

Vitrum Guard претставува средство за заштита на стаклени површини, производ на стартап компанијата ХЕМОПО од Скопје, лоцирана на Природно-математичкиот факултет. Производот има патентирана формулација и заштитено трговско име.

Средството претставува течност спакувана во прскалка од 500 мл која се напрскува на чисто и суво стакло, се размачкува рамномерно по површината и се остава да се исуши. После сушењето, со мокра крпа убаво се пребришува или директно со тушот се мие, додека не се забележи дека водата „бега“ од стакло. Најпосле се пребришува убаво со сува памучна крпа. Постапката е потребно да се повтори уште еднаш.

Ефектот кој се добива после третманот е стакло со зголемена хидрофобност (водата не се задржува на површината и соодветно потешко се создава бигор), стаклото е полесно за чистење (нечистотиите од стаклото се отстрануваат со мокра и сува крпа, без користење на хемикалии), намалено е таложењето прашина (антистатичко дејство).

Средството е пред се наменето за третман на туш кабини. После туширање со млазот од тушот се поминува долж стаклото, водата ги собира капките и се слева, после што стаклото е суво. Исто така може да се користи кај автомобилско стакло, каде ја зголемува прегледноста при возење по дождливо време, а кај прозорските стакла прави понатамошното одржувањето да е едноставно и дава уникатна прозрачност на истите. Третираното стакло е незаматено и не ги губи својствата доколку истото се измие со детергент.

Vitrum Guard може да се набави во маркетот на МЕРКУР Македонија во Скопје или набави и нарача од Природно-математичкиот факултет во Скопје. Контактот како и промотивни видеа за употребата и ефектите кај третираното стакло може да се најдат на www.facebook.com/hemopodooel/ како и www.hemopo.mk.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.