Што ако постои систем што умее да ги прочита и да ни ги преведе молчаливите пораки на нашето битие?
Живееме брзо, со полн календар и уморна душа.
Секојдневно трчаме кон нешто — рокови, обврски, нечии очекувања… Вистинските моменти ни се лизгаат меѓу прстите, а во бурниот ритам на секојдневието редовно го игнорираме тивкиот глас на нашето тело. Тоа не вика, не се жали. Само шепоти – со замор, со болка, со немир и непроспиени ноќи.
Нѐ моли за внимание, но ние го замолкнуваме со секоја следна голтка кафе, со уште еден поглед во телефонот, со маглата на нашите уморни мисли. Го третираме како непријател кој ни попречува да функционираме, сѐ додека не нѐ разбуди неговиот последен крик и болката стане единствениот сигнал што не можеме да го игнорираме.
Но, што ако постои систем што умее да ги прочита и да ни ги преведе молчаливите пораки на нашето битие? Систем кој нѐ гледа како целина – како едно нераскинливо поле на енергија каде што секоја емоција има свој физички одѕвон, а секој симптом открива што сака да ни каже нашата душа.
Токму ова е суштината на Традиционалната кинеска медицина. За неа хроничниот замор, напнатиот врат и рамена или анксиозноста не се изолирани проблеми, туку точни пораки за состојбата на вашата животна енергија (Qi), за проточноста на вашите енергетски канали (меридијани), и за рамнотежата помеѓу вашите внатрешни сили (Yin и Yang).
Традиционалната кинеска медицина ви нуди мапа за да се вратите кон себе – да ги дешифрирате симптомите, да ја обновите комуникацијата помеѓу вашето тело и душа и да ја оживеете таа оштетена ‘граница’ помеѓу нив. Оваа медицинска уметност не го потиснува крикот, туку внимателно го слуша, го толкува и нуди пат кон вистинска рехабилитација на вашето тело и душа.
Ова е воедно и филозофијата на центарот за интегративно здравје „Веданта“ во Скопје. Нивна препорака е да не ја потиснуваме болката, туку да и дадеме можност да биде слушната, разбрана и конечно, ослободена.
Дозволете си понекогаш миг за себе.