Уловен милион и Златна Рипка во Велес

Оваа игра станува се’ попопуларна и донесе многу интересни и среќни приказни низ цела држава

Понеделнички (11.03.2019), Државна лотарија на Македонија ја посетија млади весели луѓе, кои со себе донесоа инстант лоз ЗЛАТНА РИПКА, вреден милион денари.

Озен Фератов од Велес, ја улови својата Златна Рипка, која му донесе добивка од милион денари. Инстант лозот го купил во среќното место Тобако КА-М во Велес, каде најчесто купува инстант лозови. Многу пати до сега имал само замена, но и не некојa поголема добивка.

Овој викенд решил повторно да си ја проба среќата и тоа со инстант лозот Дијамант. Откако Дијамантот, не му донел среќа, решил да проба со најновиот инстант лоз АЛАДИНОВА ЛАМБА, но откако и со него не го послужила среќата, се вратил и купил Златна Рипка, која е и негов фаворит кога станува збор за инстант лозовите. Озен најмногу се забавува со овој инстант лоз, кој ни рече за него е наједноставен и до сега се покажал како најсреќен за него.

Така и овој пат, за 50 денари си улови милион денари, кои му ги донесе бројот 2, како број кој го има и во добитните и во броевите на Озен, а под него е впишана добивката од 1.000.000 денари.

Инаку инстант лозот Златна Рипка за прв пат Државна лотарија на Македонија го пласираше во септември 2016 година, а оттогаш стана омилен меѓу играчите на инстант лотаријата. Веќе во продажба е и четвртата серија, а оваа игра станува се’ попопуларна и донесе многу интересни и среќни приказни низ цела држава.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.