Трансакција за храброст – огледало на континуирана поддршка за родова еднаквост и економско зајакнување на жените

Во современото општество, унапредувањето на родовата еднаквост и создавањето еднакви можности за сите, претставуваат основа за одржлив економски и социјален развој. Водена од овие вредности, Халкбанк АД Скопје континуирано ја гради својата корпоративна политика врз принципите на инклузивност, одговорност и активна поддршка на жените во нивниот личен и професионален развој.

Во тој контекст, банката со години реализира иницијативи, програми и општествено одговорни активности насочени кон поттикнување родова еднаквост, зајакнување на финансиската независност и поддршка на жените кои се соочуваат со различни предизвици.

Како дел од својата стратегија за одржлив развој, банката го има воведено „Пакетот за жени претприемачи“, како специјално креирана финансиска понуда за жени сопственици и основачи на микро, мали и средни бизниси. Преку овој пакет, банката им овозможува на жените претприемачи пристап до поволни кредитни услови, банкарски услуги по повластени тарифи, како и советодавна поддршка за развој и унапредување на нивните деловни активности. На овој начин, заклучно со 2025 година, обезбедена е кредитна поддршка за 634 компании предводени од жени.

Покрај финансиската поддршка, Халкбанк активно учествува и во организирање и поддршка на настани со кои се подигаат свеста и перцепцијата за родовата еднаквост, за финансиската слободата на жените и за економската важност на женското лидерство. Во тој контекст, банката организира регионални едукативни нетворкинг-настани на теми како што се финансиската писменост, дигитализацијата и зелената транзиција.

Во духот на поддршката и заедничкото учење, банката организира и бизнис-настани и конференции, преку кои на жените им е овозможено да споделат свои искуства и да се инспирираат меѓусебно, создавајќи мрежа на поддршка и соработка. Банката е и главен поддржувач на Алијансата за родова еднаквост на работното место – GEA, која е дел од глобалната иницијатива на UN Women.

Преку сите овие активности, Халкбанк придонесува кон создавање силна заедница на жени лидери, менаџери и претприемачи, кои со својата работа и визија го обликуваат современото деловно опкружување.

Како дел од овие активности, банката деновиве направи и значајна донација кон Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, со што даде директна поддршка на организациите и механизмите кои обезбедуваат помош и заштита на жените жртви на насилство.

Оваа донација е дел од пошироката иницијатива на Халкбанк што произлезе од препознатливата кампања „Фустани со џебови“, со која банката на креативен и симболичен начин ја отвори темата за финансиската независност и економската моќ на жените. Кампањата прерасна во платформа што ја подигна јавната свест за родовата еднаквост, а средствата собрани преку продажбата и аукцијата на уникатните креации беа наменети за поддршка на Интервентниот женски фонд и за помош на жени жртви на насилство.

Нашата мисија е да бидеме повеќе од банка, да бидеме партнер што ги поддржува жените во остварување на нивните лични и професионални цели. Веруваме дека економски силните жени значат посилно и поодржливо општество“, велат од Халкбанк.

Банката продолжува да инвестира во иднината на жените претприемачи, да поттикнува инклузивно чувство на заедништво, и да ја поддржува нивната улога како двигатели на иновација, раст и развој на економијата.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе