„Technicolor“: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

Модната дизајнерка Росица Мршиќ создаде капсулна колекција која ја одразува нејзината визија за потребите на времето кое го живееме: топла, опуштена, секојдневна а во исто време колекција со изразен дизајнерски импулс.

Колекцијата е лесна за носење во текот на целиот ден, без сезонска, со можност да се комбинира и прилагодува на индивидуалните потреби. Со естетика, која освен што е изразена и препознатлива, е крајно практична во секојдневието. Колекцијата е карактеристична по нејзиниот специфичен потпис: скулптурален пристап кон градење на женствена силуета на необично убав начин,со предизвик да се деконструира класичното и создаде различен изглед претставен со нов визуелен јазик. Дизајнирано со современа, графичка и чиста естетика, секое парче е внимателно создадено со фокус кон детаљите, и со употреба на контраст во изборот на бои и волумен за постигнување на чувство на комфор. Новина во дизајнирање на колекцијата е вметнување на автентичен дизајнерски принт на материјалите од кои е изработена колекцијата, како и модни додатоци кои се печатени со авторскиот принт.  

Дизајнерката верува во ставот дека мора да постои креативен предизвик при создавање на секоја нова колекција, за творењето да биде оправдано. Предизвикот е изразен преку експериментирање со кроеви, употреба на бои, материјали и истражување на нови естетски изразувања. На тој начин се постигнува вредност на секое модно парче и колекција; да биде визуелно и естетски потврдено и со долготрајна актуелност. Облеката што се дизајнира и изработува е резултат на искуството и ставот на дизајнерот, а брендот Росица Мршиќ секоја сезона создава мали, внимателно креирани, лимитирани серии со минимално влијание врз животната средина. 

Росица Мршиќ е интернационално етаблирана модна дизајнерка и бренд со современ, софистициран и деликатно скулптурен стил. Основан во 2009 година, Росица Мршиќ е меѓу првите македонски брендови кој работи по принципот на одржлива и бавна мода, и создава автентични модни колекции и модни додатоци. Нејзината естетика е препознатлива по смелиот, но женствен потпис со прецизна изработка и софистициран изглед, претпочитан од следбеничките на иновативната и безвременска естетика.

Фотографии: AniDimi Photography

Модел: Сандра Алекс/ fern_style_

MUA: Зорица Николова

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.