STAR OCEAN – вкусовите што спојуваат две култури

Семејна приказна што почна како сон…

Нашата приказна почна како сон на мојот сопруг, кој уште од својата четиринаесетта година професионално работи како готвач. Желбата да бидеме заедно беше мотивот и причината да го отвориме нашиот прв кинески ресторан во Македонија. Кога се запознавме, јас студирав, па затоа останавме овде и го започнавме нашиот заеднички живот.

Иако планот беше, по завршувањето на студиите, да се вратиме во Кина, посветеноста кон работата и љубовта кон гостите природно нè одведоа по поинаков пат — пат што денес е нашата најубава животна приказна.

Семејството — најсилната инспирација

Денес сме петчлено семејство: нашата ќерка има 20 години и студира во Кина, а нашите два сина имаат 15 и 11 години. Сите сме дел од семејниот бизнис, кој ни е најголем двигател, мотивација и секојдневна инспирација.

Името Star Ocean е директен превод на името на мојот сопруг — Шин Хаи, каде што „Шин“ означува ѕвезда, а „Хаи“ океан — симболика на бесконечност и на желбата постојано да растеме, да се развиваме и да ја шириме автентичната кинеска култура.

Севернокинески вкусови — природно вклопени во Македонија

Во нашиот ресторан ја претставуваме севернокинеската кујна, позната по своите лути и солени вкусови, кои изненадувачки добро одговараат на македонското поднебје.

Многу гости ни велат дека не очекувале толку природно да ја прифатат кинеската храна, а тоа за нас е една од најубавите потврди дека го правиме вистинското нешто.

Сите зачини и сосови ги увезуваме директно од Кина, а нашето мени е целосно составено од традиционални кинески јадења. Моите лични фаворити се крцкавите специјалитети во луто-слатко-кисел сос, брокулата подготвена во вок и свежите салати. Она што најмногу ме воодушевува е чувството на леснотија по оброкот — и тоа што само по еден час апетитот природно се враќа, што е една од најубавите одлики на кинеската кујна.

 Специјалитети што ја раскажуваат својата приказна

Меѓу нашите најпознати специјалитети се: крцкаво јунешко во луто-сладко-кисел сос, јунешко со брокула и лукче, пржени пелмени, сладко-кисело-крцкаво пилешко, пилешко во грне, оризови нуделси со ракчиња, суши, како и добро познатите пржен сладолед, колаче со порака и карамелизирани ореви.

Последните години внимателно ги следиме трендовите во кинеската гастрономија и воведуваме многу новитети што гостите навистина ги обожаваат.

Промените што ги забележуваме кај нив — поголема отвореност кон нови вкусови, зачини и зеленчуци — ни даваат дополнителна мотивација секогаш да нудиме нешто ново и автентично.

Традиција одржана од врвните мајстори

Голем дел од нашите гости се Македонци, кои првпат пробале кинеска храна токму кај нас и до ден-денес останале наши верни посетители. Тоа е чест и голема одговорност за нашиот тим, составен од осум професионални кинески готвачи со долгогодишно искуство. Благодарение на нив ја задржуваме автентичноста, традицијата и доследниот квалитет на секое јадење.

Мала Кина во срцето на Скопје

Сметаме дека сме вистински амбасадори на кинеската култура во Македонија. Целиот наш инвентар — од мебел, садови, прибор и декоративни детали — е увезен директно од Кина. Ништо не нè радува повеќе од моментот кога ќе слушнеме дека нашите гости се чувствуваат „како во Кина“, зашто токму тоа е нашата цел: да создадеме мала автентична приказна што ќе ги зближи двете култури.

Четири локации – една филозофија на вкусот

Денес Star Ocean има четири локации: главниот ресторан во Центар и три Fast Food corners – во City Mall, East Gate и Ramstore Mall.

Нашата приказна продолжува со иста љубов, иста посветеност и иста амбиција како првиот ден, со желба вистинскиот вкус на Кина да го доближиме до што поголем број луѓе во Македонија.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе