Со инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП од Скопје за Прилеп

Упорноста во игрите на среќа се исплати

Од 01.11.2018 година Државна лотарија на Македонија го пласираше  инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП во соработка со АutomobileSK, а денес (13.03.2019)  додели уште еден автомобил JEEP COMPASS, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.

Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид и Скопје, а од денес ќе се вози и во Прилеп.

Елена Видановска Илиеска од Прилеп е редовен играч на инстант лотарија. Секој ден купува по неколку инстант лозови, меѓу кои најомилен и е лозот БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП. Пред неколку дена од продажното место Тобако Плус во Прилеп купила 5 инстант лозови, два од нив имале добивка по 70 денари. Утредента, ги заменила за нови два лоза и докупила уште три нови. Едниот лоз, под заштитниот слој и донел три симболи на автомобил. Денес во Скопје, Елена и нејзиниот сопруг ги добија клучевите од Марјана Станојковска, а од тука со својот нов автомобил заминаа за Прилеп.

Видно возбудени и среќни, на сите им порачаа дека упорноста во игрите на среќа се исплати, па затоа пронајдете го и вие вашиот среќен инстант лоз и заминете си со нов автомобил JEEP COMPASS.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.