Со инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП од Скопје во Гостивар

КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА

Од 01.11.2018 година Државна лотарија на Македонија го пласираше  инстант лозот БИДИ ВИП – ВОЗИ ЏИП во соработка со АutomobileSK, а  вчера (09.05.2019)  додели уште еден автомобил JEEP COMPASS, кој е една од 10-те главни добивки во овој инстант лоз.

Дел од овие автомобили веќе се возат низ улиците на Куманово, Кавадарци, Охрид ,Скопје, Ресен, Прилеп, Ново Село- Струмичко,  а од денес ќе се вози и во Гостивар.

Наталија Танасковиќ е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија. Редовно игра лото во продажното место ЈОТОН Среќа во Гостивар. Кога имала добивка со 4 погодоци, добиените средства ги вложила повторно во уплата на лото, а следното коло среќата и се насмеала и имала 5 погодоци. Добиените 1170 денари повторно решила да ги вложи во игра на среќа. Па повторно уплатила лото, но и купила неколку инстант лозови во Јотон Среќа во Гостивар.

Токму инстант лозот БИДИ ВИП ВОЗИ ЏИП, се покажал како најсреќен за неа откако изгребала три симболи на автомобил. Овие три симболи вчера ја донесоа до клучевите од нејзиниот нов автомобил JEEP COMPASS, кои и ги додели Марјана Станојковска во салонот на Автомобиле СК во Скопје.

Наталија задоволна замина со својот нов автомобил за Гостивар, а на сите играчи им порача да не губат верба во среќата, бидејќи само КОЈ ИГРА ТОЈ И ДОБИВА.

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.