SF PREMIUM: Нов бренд и најлуксузна продавница за долна облека

„Кралицата доаѓа… најлусузната продавница за долна облека… SF PREMIUM… Квалитет над луксуз. Секогаш. Секаде.“

Вака голем дел од нашите познати личности од естрадата ја најавуваа најлуксузната продавница за долна облека во градот. Телевизиските и радио рекламите кои ги слушавме и гледавме овие денови, како и официјалните профили на брендот со најави за новата продавница дополнително ја вжештија атмосферата. Сите бевме во очекување која е продавницата, каде ќе биде најпознато место за долна облека во градот, кој стои зад брендот…

Македонската компанија Де-Та ДООЕЛ вчеравечер во центарот на главниот град, ја отвори новата продавница за долна облека и го промовираше својот најнов бренд SF PREMIUM. Де-Та ДООЕЛ, или за сите нас позната преку етаблираниот македонски бренд Sara Fashion, оваа година го прославува своето 20 годишно постоење на македонскиот и српскиот пазар со величенствено крунисување на своето работење. Долгогодишната посветеност на своите брендови SF и Red Star, како и ексклузивниот застапник на светскиот бренд Penti го крунисаа со презентирање на премиум брендот. Ја поставија круната на својата работа и за своите потрошувачи ја збогатува понудата со нов бренд и линија на производи. Квалитетна, лукзузна, софистицирана долна облека за жени и мажи. Пиедесталот го има кралицата, нејзиното височество SF PREMIUM, која всушност е најлускузното катче каде што секоја урбана девојка и жена ќе го пронајде совршеното модно парче долна облека за себе.

„Гордо ја најавуваме новата продавница и новиот бренд на долна облека SF PREMIUM. Овие 20 години работа, посветеност, истрајност ги вложивме во проширување на понудата и изборот кога е во прашање софистицирана и совршено дизајнирана долна облека. Нашата компанија крунисувајќи го своето работење, го крунисува и секој наш потрошувач овозможувајќи му уникатно искуство и избор на квалитет над луксуз. Како што пренесува и нашиот слоган, тоа го имаат секогаш и секаде“– изјави Дејан Спасовски, сопственик и генерален менаџер.

Зад внимателно дизајнираната долна облека со врвен квалитет и материјали, како и зад приказната заедно во тимот е фантастичната дизајнерка Ивана Кнез, долгодогишен соработник на компанијата Де-Та ДООЕЛ, која во оваа прказна се појавува и како бренд менаџер:

„Премиум е за секоја жена која се сака себе си и заслужува најдобро. Бидејќи секоја жена е Кралица нели“ – ни раскажа Ивана.

Како заштитно лице на кампањата и брендот се појавува прекрасната Марјана Станојковска која го најави новиот бренд со фотосесијата и видеата наменети за линијата костими за капење лето 2019. Како пријатели на настанот се винаријата Стоби и слатките задоволства од Chocolate boom.

 

Отсега во вашата омилена SF PREMIUM продавница ќе може да набавите „фраерски“ нешта – уникатен асортиман на долна облека, чорапи, хулахопки, костими за капење…Потврда за брендот и квалитетот кој низ годините го нуди Сара Фешн е и поддршката од гостите кои со своето присуство ја разубавеа ноќта, а меѓу нив забележавме голем број претставници од медиумите, познати блогери, инфлуенсери и бројни личности од културниот и јавниот живот.

Во продолжение, погледнете ја галеријата за да видите како помина отворањето на SF Premium.

loading...
Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време