Семејството Јанковски од Битола застана под среќна ѕвезда

Ги запознавме добитиците на рекордната 7-ка од играта на среќа Лото 7 уплатена во „Алек Табак“ – Битола

Семејството Јанковски од Битола се вброи во редот  добитници на 7-ка коишто застанаа пред камерите за да ја споделат радоста за освоената добивка и да се заблагодарат на играчите и на „Државна лотарија“.

„Ние знаеме оти сите играчи учествуваме во фондот на премијата и другите добивки, еднаш едни добиваат повеќе, друг пат други, ова е игра за народот. Ред е тие што добиваат да се заблагодарат, да се знаат кои се и да си ја споделат радоста“, рече Билјана Јанковска, на што нејзиниот сопруг Лаци се надоврза:

 „Ова не е лага, вистина е, кој игра, тој добива. Јас играм со години и еве сега сум добил, нека веруваат и да не се откажуваат“

Лаци со години играл исти бројки, но пред еден месец сопругата му го испрала ливчето токму во колото кога можеле да добијат 6-ка. Бројките ги сменил и оттогаш ги игра овие – од коишто во извлекувањето на коло 73, на 12 септември, токму 4-тата комбинација со броевите: 8, 11, 20, 22, 28, 31 и 35, им донесе 7-ка вредна 31 165 143 денари.

Тие ги посетија просториите на „Државна лотарија“ со потврдата за уплата непосредно по извлекувањето, за проверка на добивката. Иако со трема, пресреќни и возбудени, уште веднаш соопштиле дека се согласуваат за јавна објава, но дека сакаат да се сите заедно, а во Скопје дошле со едниот син, другиот останал на работа.

„Државна лотарија“ ја испочитуваа волјата на семејството и заминаа кај нив, за да се сретнат во Битола со целото семејство. Договорената средба била пред среќното место „Алек Табак“ (на Ат пазар), каде што Лаци, на 12 септември, како и редовно пред одење на работа, уплатил 100 денари за 4 комбинации Лото7 и еден Џокер.

Лаци работи како чувар во ЈП Комуналец во Битола, и со своето семејство – сопругата Билјана и синовите Кирил и Димитар живее во Ботола. Со сопругата потекнуваат од две различни битолски села каде што имаат и малку земја што ја обработуваат. Кротко скромно работливо и сложно семејство.

Семејството Јанковски навистина застана под среќна ѕвезда, а продажното место „Алек Табак“ во Битола, коешто пред 7-ката донесе и неколку 6-ки, ја понесе титулата за најсреќно уплатно-исплатно место во нашата земја.

Тука не застануваат средбите со најсреќното семејство, ги очекуваме да дојдат во Скопје, во студиото на Лото 7 каде што ќе ги дочека водителката Марјана Станојковска. За наредниот период веќе е закажана средбата со претходниот добитник на 7-ка Зоран од Кичево и ќе се запознаеме со двете  семејства коишто во рок од една година добија 7-ки, се согласија за јавна објава и застанаа под среќна ѕвезда.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.