„Сè повеќе жени пијат виски“: Совети за консумирање на најфраерскиот пијалак на светот од Филип Плетеш

Прочитајте!

За културата на пиење виски, за трендовите на миксологијата и за еволуцијата на брендот „Џек Даниелс“, разговаравме со човекот што пробал повеќе од илјада вида виски и кој е познат како Brand Advocacy Manager за Brown Forman – Филип Плетеш

Филип Плетеш (@i_am_filippletes) се занимава со угостителство веќе 14 години, а за соработката со „Џек Даниелс“ вели дека е една голема привилегија и чест. Работата како бармен, сомелиер и хабано-сомелиер му помогнале да се усоврши и да стане тоа што е денес, како и да научи доволно за да може да го претставува брендот „Џек Даниелс“ во светот. Прочитајте нешто повеќе за неговите искуства и дознајте како тој го доживува најфраерскиот пијалак во светот – вискито…

„Не постои лошо виски. Само што некои вискија се подобри од другите“. Колку се согласувате со оваа изрека? Како вие го доживувате овој пијалак?

Секако, сметам дека не постои лошо виски, а имав голема среќа да пробам неколку илјадници различни вискија во мојата кариера. Она што јас го сметам за најважно е да го пиете вашиот пијалак онака како што вам ви одговара, а не како што ви кажуваат другите. Лично јас, секое виски го пијам на различен начин, особено ако зборуваме за „џек даниелс“. „Џек даниелс олд 7“ го пијам со минерална вода, „џентлмен џек“ со пенлив пијалак со вкус на ѓумбир (ginger ale), а „џек даниелс сингл барел“ со малку вода. И никој не може да ви каже кој е правилен, а кој е погрешен начин на консумирање виски.

Што ги издвојува различните видови виски еден од друг? Има ли некои трикови што можат да ни помогнат да направиме разлика меѓу добро и лошо виски?

Она што е пресудно за квалитетот на вискито е неговиот вкус што останува во устата по првата голтка. Денес, во светот постојат различни категории на овој прекрасен пијалак, а најпопуларни се американското, шкотското, ирското, јапонското и тајванското виски. Секое од нив има своја филозофија и посебен начин на производство. Јас ги претпочитам шкотските и американските вискија, бидејќи најмногу одговараат на мојот вкус.

Постојат предрасуди дека вискито е претежно машки пијалак. Има ли вистина во тоа?

Искрено, сè повеќе жени почнуваат да консумираат виски, па тој стереотип повеќе не постои. Откако се појавија миксологијата и можноста да се меша вискито со други состојки, популарноста на овој пијалак кај жените значително порасна. Од друга страна, пак, мажите сè уште најчесто пијат виски со малку мраз, вода или го пијат чисто.

Од вашето досегашно искуство, како се има менувано културата на пиење виски во регионот?

Мислам дека нашиот регион многу брзо се приспособува на интернационалните трендови, благодарение на големиот број туристи што доаѓаат во нашите земји. За мене, она што најмногу доаѓа до израз е тоа што „џек даниелс“ стана статусен симбол на Балканот, па многу луѓе ве перципираат на поинаков начин кога го пиете најпродаваното американско виски на светот.

Слоганот на новата глобална кампања на „Џек Даниелс“ гласи Make It Count. Целта е да ги поттикне своите консументи да се осмелат да ги следат своите соништа. Како вие ја разбирате оваа фраза?

Овој слоган го одбравме бидејќи сме свесни колку светот се има променето последниве неколку години и колку е неопходно да го искористиме секој миг од нашиот живот. Мене лично овој слоган ми дава мотивација да им ги пренесувам знаењето, љубовта и мотивацијата на младите бармени во оваа работа.

Кажете нешто повеќе за историјата на „Џек Даниелс“…

Особено сум горд на фактот што Џек Даниелс навистина постоел. Станува збор за човек со многу бурен живот, за кого до ден-денес не се знае ни кога точно е роден, така што имаме среќа и привилегија да го славиме неговиот роденден секоја година цел септември. Исклучително интересно е тоа што тој, всушност, се викал Џеспер Њутон Даниел, а Џек му било прекар. Одличен прекар, бидејќи мислам дека подобро звучи кога нарачуваме „џек-кола“ одошто „њутон-кола“ (се смее). Во 1866 година, тој легално ја регистрирал нашата дестилерија, па тука започнала приказната на нашето омилено виски на Балканот.

За крај, можете ли да ни препорачате неколку коктели што содржат виски?

Мојата најголема љубов е миксологијата, односно тоа како „џек даниелс“ функционира во неа. Кај нас, ова виски сè уште најчесто се консумира како чист пијалак или се меша со „кока-кола“, но „џек даниелс“ е толку сестран, што може да функционира во бесконечно многу комбинации. Мојот личен фаворит е Tennessee Mule, многу едноставен пијалак: 50 мл виски „џек даниелс тенеси“, 20 мл свеж сок од лимета и 200 мл пиво „томас хенри џинџер“. Пијалак што секој може да го направи дома и да ги импресионира своите гости, а потребни се само три состојки. Освен тоа, секој класичен коктел што ќе го направите со вискито „џек даниелс тенеси“, почнувајќи од Old Fashioned, Whiskey Sour, Mint Julep, ќе биде фантастичен токму од причина што „џек даниелс“ добро ги поднесува сите вкусови со коишто сакате да го помешате.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.