Се одржа отворен ден на Школа за убавина Арт!

На 12.07 во Ragusa 360 Rooftop се одржа ОТВОРЕН ДЕН кој го организираше Школа за убавина Арт – прва и единствена школа во Македонија која ги нуди сите обуки во областа на убавината и естетиката.

Во пријатна атмосфера и во нивниот препознатлив стил, посетителите имаа можност да следат неколку бесплатни обуки, да следат работилници за надградба на нокти, свилени трепки, јапонска метода и MASTERCLASS за професионална шминка.

Посетителите имаа и можност подобро да се запознаат со производите на брендот Ориент, светски познатиот бренд Depileve, брендот за свилени трепки LUXE LASHES и брендот за вештачки трепки Kosich Lashes.

Ексклузивно на овој настан за прв пат на балканот се одржа и презентација на новиот производ и третман на Ориент – ICE BODY SCULPTING – револуционерен третман на природна криолиполиза.
Уписите за обуката за овој третман започнаа веднаш по отворениот ден и се одлична можност заинтересираните да се први во Македонија кој ќе го понудат овој третман на своите клиенти.

Оваа школа во која 4000 курсисти кои успешно завршиле обука и сега успешно работат во и надвор од Македонија постојано наоѓа начини како да им понуди на своите досегашни и идни курсисти врвна едукација согласно сите најнови трендови, а отворениот ден го потврди токму тоа.

Многу прекрасни луѓе на едно место кои сакаат да се надоградуваат, учат и секако да се дружат и да се забавуваат.

Тимот на Школа за убавина Арт уште еднаш потврди дека посветената работа и љубовта кон истата е клуч за успех.

Отворениот ден беше прекрасно случување на кое овие исклучителни девојки заедно со своите посетители ги прославија досегашните успеси и храбро тргнаа кон освојување на новите предизвици.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.