Ова е првиот мирис на куќата Miller Harris што својата инспирација ја пронаоѓа во светот на книжевноста
Scherzo Eau de Parfum го доловува опојниот гламур на Француската ривиера во 1930-тите. Исполнет е со експлозија од овошни и цветни ноти.
Ова е првиот мирис на куќата Miller Harris што својата инспирација ја пронаоѓа во светот на книжевноста. Лансиран во 2018 година, Scherzo е инспириран од извадок од романот „Нежна е ноќта“ на Ф. Скот Фицџералд.
Овој краток пасус бил единствената насока што парфимерот Матје Нарден ја добил како водилка при создавањето на мирисот. Резултатот брзо станал вистински бренд-класик и еден од бестселерите на Miller Harris.
„…Продолжи да чекори меѓу калеидоскопски божури собрани во розови облаци, црни и кафеави лалиња и кревки рози со нежно виолетови стебла, проѕирни како шеќерни цветови во излог на слаткарница.“

Мирисот се темели на описот на Фицџералд за хероината, младата актерка Розмари Хојт, која се движи опкружена со симфонија од живописни цветови под блескавото летно сонце.
Матје вели:
„Кога читам книга, можам да го почувствувам мирисот на она што го читам — чувството на она што авторот го опишува; местото на дејството, Француската ривиера и прекрасните описи на сонцето, морето и топлината ме инспирираа да создадам сопствена палета на бои за книгата, за да ја надополнам позадината на мирисот.“
Инаку, „Scherzo“ е термин од музичката терминологија и означува краток, издвоен дел од поголема композиција, како симфонија.
Сите производи на Miller Harris се погодни за вегани и не содржат фталати, вештачки бои, парабени ниту формалдехид.