Revalid ги спои трите познати убави дами: Лила, Јована и Ведрана!

Косата е украс на секоја жена, но и огледало на нејзиното здравје

Брендот Revalid ®, по повод 8 март ги здружи трите познати македонски убави дами, Лила Филиповска, Јована Стојменовиќ и Ведрана Ѓорѓевиќ, успешни дами во своите професии и познати по своите убави и негувани коси да позираат за овој бренд и да пратат силна порака за борбата на жените за економска, социјална и политичка рамноправност во општеството.

„Како што веќе знаете, успешната соработка помеѓу мене и Revalid, козметиката за нега на коса,  трае веќе одреден период и секогаш се трудиме да понудиме нешто ново. Кога се подготвуваше концептот на кампањата за оваа година, сосема случајно дојдовме до идејата да направиме фотографии со три дами. Баравме жени кои се успешни, храбри и независни. Јована и Ведрана ни беа првата асоцијација, бидејќи се преубави, негувани и успешни жени. Што се однесува до фото-сесијата, се’  помина одлично. Совршено ни се поклопија енергиите, атмосферата беше забавна и вистинско задоволство е  да се соработува со нив. Фотографијата е буквално women power :)”, изјави Лила Филиповска.

Косата е украс на секоја жена, но и огледало на нејзиното здравје. Затоа, потрудете се секогаш да одберете фризура според обликот на вашето лице, но најважно од се’, потрудете се секогаш вашата коса да изгледа уредна, негувана и убава.

Со генерации жените се труделе да ја негуваат својата коса, да и’ обезбедат најдобра нега и да ја заштитат од несакани надворешни влијанија.

Revalid® е бренд основан во Швајцарија и специјализиран за производи за нега на коса и е посветен на здрава, убава и силна коса. Тие веруваат во холистички пристап при што косата се храни од коренот до врвот.

Тие добро ја разбираат директната врска меѓу здравјето и изгледот на вашата коса и вашата самодоверба. Ова е причината зошто тие работат неуморно и развиваат  производи кои се справуваат со проблемите на косата во коренот, враќање на нејзината природна убавина и подобрување на вашата самодоверба.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.