Растеме заедно за детство со насмевки: Хуманитарна кампања на Макпрогрес Виница и СОС Детско село

Купи кејк од Винчини и донирај за детство со насмевка!

Сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело и да се вклучиме во донаторската кампања.

По повод 30 години јубилеј на Макпрогрес Виница и 20 години јубилејот на СОС Детско село, Макпрогрес се одлучи оваа година да ја зајакне својата поддршка преку иницирање на хуманитарна кампања РАСТЕМЕ ЗАЕДНО ЗА ДЕТСТВО СО НАСМЕВКИ преку која со секое купување на производот КЕЈК од Винчини се донираат 5 денари при што целата донација ќе биде наменета за децата и младите без родителска грижа.

Производите КЕЈК од Винчини со хуманитарна ознака пред извесен период се дистрибуирани низ продажните места во секој град и веќе успешно се продаваат. Тие се достапни на граѓаните да можат да уживаат во вкусовите на производот, но и истовремено да се збогатат со чувството на  радост, гордост и лична сатисфакција што помагаат на тие што најмногу им треба.

„Општествена одговорност на нашата компанија од секогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година внесуваме нови иницијативи за импакт во општеството во кое ние работиме и се развиваме. Долгорочната соработка и  поддршка кон СОС Детско село не инспирираше во креирање на ваква кампања во која ќе можеме да ги вклучиме и нашите потрошувачи да бидат дел од компаниската гордост. Посебно оваа година во која поради негативните ефекти од светската пандемија сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата посебно кон најранливите – децата без родителска грижа“, изјавија од Макпрогрес

Сите заедно да ја покажеме хуманоста на дело и да се вклучиме во донаторската кампања.

Купи кејк од Винчини и донирај за детство со насмевка!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.