„Радоста на постоењето“ – нова мотивациска книга во издание на „Паблишер“

Домашната книжевна сцена се збогатува со уште еден интересен наслов од областа на популарната психологија – „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска, која работи како мотиватор и животен тренер.

Авторката преку својата книга ги поттикнува луѓето да зачекорат со сигурност и полет во живот исполнет со радост и благосостојба. Преку своите лични искуства, таа им вдахнува инспирација да ја пронајдат вистинската насока на својот пат кон духовно остварување.

Оваа книга ќе ви помогне да живеете во мир и хармонија, да остварите духовен развој, да бидете благодарни за она што го имате и да создадете еден нов живот менувајќи ги своите мисли, емоции и однесување.

Спојувајќи ги јазикот на умот и јазикот на душата и телото, авторката пишува со зборови кои допираат до сечие срце. Но и одново го кодираат умот учејќи го како да ја отфрли старата програма која не му е во полза и да создаде нова, која ќе му биде водилка во иднината. Ако душата е земја, вели авторката, вие сте нејзини земјоделци. Посејте ѝ љубов и гледајте како во вас завладува хармонија.

Книгата можете да ја најдете во сите книжарници на ТРИ и на книга.мк.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.