Зимата официјално ни заврши. Тешките креми, сувите делови и мат-финишот ги оставаме зад нас.
Пролетта носи леснотија, хидратација, свежина и сјај. Време е за целосен пролетен beauty reset — од освежување на негата, до нова енергија и хидратација што се гледа оддалеку.
Освежете ја вашата секојдневна рутина
Зимската кожа бараше обновување, пролетната кожа бара баланс.
Затоа ги менуваме густите зимски креми со гелови и водести текстури, и лесни формули што „дишат“. За да го постигнете овој ефект на леснотија изберете состојки како Хијалуронска киселина — за длабинска хидратација, Ниацинамид — за баланс и природен сјај, Витамин Ц — за осветлување и свеж тен

Полесната текстура значи и посвеж, посветол изглед.
SPF без компромис
Подолгите денови носат и поинтензивни сончеви периоди а со тоа и исложеност на кожата на сончевите зраци. За доволна, а во исто време невидлива заштита на кожата, во овој период од годината препорачуваме SPF 50+ со лесна текстура или пак SPF мист за повторно нанесување во текот на денот.
Хидрирана и заштитена кожа гарантира совршена пролетна основа.
Пролетна промена во шминката
Време е да „олесниме“ сè.
Базата ја правиме со skin tint или лесна пудра, а наместо мат финиш бираме сатенски или сјаен финиш. Прашкастите производи, пак, ги заменуваме со кремаста или течна опција.
Палетата на бои за пролеттните денови е составена од нежна праска боја, розови нијанси, топол бронзер сјај и сјај за усни наместо мат финиш.

Пролетно ресетирање на телото и косата
Пролетниот сјај е целосно искуство, па затоа нашите предлози вклучуваат и опции за нега за телото и за косата во потоплиот период кој следува.
За негувана и мека кожа на телото, пилингот е неизбежен, и најдобро е да се практикува еднаш неделно. Лосионот или лесното масло за тело се исто така неопходни за негуван изглед, додека пак изложените делови на сонце треба да бидат заштитени со SPF производи.

Со промената на температурата и временските услови, кај косата може да настанат бројни промени како интензивирано опаѓање, и токму затоа особено важно е да се стави акцент на користење на заштитни маски за коса, хидратантна маска за коса, што е можно полесни производи за стилизирање, витамински третмани за коса и да се применува природно сушење како алтернатива на користење на апарати со многу топол воздух кои ја оштетуваат косата.
Пролетната убавина не значи да правите повеќе, туку да правите полесно, попаметно и посвежо.
Оставете ја кожата да дише, шминката да блеска, ахидратацијата да ја заврши својата работа.
Оваа сезона, изберете природен сјај.
Текст и фото: ПР