Покажете ја вашата хуманост: Учествувајте во прославата на Патрониот празник на најстарото училиште во државата!

ООУ„ Свети Кирил и Методиј“ – Центар Ве поканува заедно да го прославиме Патрониот празник на најстарото училиште во државата и да одбележиме 185 години од нашето постоење и непрекината работа.

На 20.05.2021, со почеток во 12:00 часот (во училишниот двор) да проследиме:

–        Кратка приредба подготвена од нашите ученици

–        Промоција на првото издание на дигиталниот училишен весник ,,КИМ“

–        ФАНДРЕЈЗИНГ АУКЦИЈА под мотото „РАЗЛИЧНОСТИТЕ СЕ ФАКТ, ИНКЛУЗИЈАТА Е АКТ“-  заедно со „ОТВОРЕТЕ ГИ ПРОЗОРЦИТЕ“- здружение за Асистивна технологија потпомогнато од Детската фондација Песталоци

  • Хуманитарна продажна изложба на уметнички дела изработени од наши ученици со посебни потреби заедно со нивните соученици и наставници
  • Со секоја купена слика ќе учествувате во доопремување на СЕНЗОРНАТА СОБА

ООУ ,,Свети Кирил и Методиј”, Центар – Скопје ве поканува на 20.05.2021 година да бидете и Вие дел од оваа приказна, покажувајќи ја својата хуманост и општествена одговорност како компанија или поединец.

Повеќе информации за настанот можете да најдете тука.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.