Подгответе се за нови приказни и уникатни мирисни ноти со италијански потпис – CoSTUME NATIONAL, парфеми кои ќе ве обземат целосно

Модниот бренд  CoSTUME NATIONAL е основан во 1986 година од страна на  Ennio Capasa, поранешен ученик на Yohji Yamamoto. Бренодот е познат по тоа што поставил нов тренд во светот на „италијанскиот дизајн“ дефиниран како хипермодерна иновациска класика која прераснува во архитектонска прецизност во изработката на облеката, беспрекорно прилагодени кроеви и секојдневен стил кој вклучува кожни панталони, хеланки, свилени блузи и тексас. CoSTUME NATIONAL го комбинира италијанскиот шивачки занает со сензуалниот модерен и софистициран. Во март 2016 година, јапонската група  Seguedge станува новиот сопственик на брендот, кој носи свежина во имиџот, односно внесува јапонски дух со италијански стил.

Парфемите претставуваат природно продолжение на комплетирањето на брендот, девет посебни сензуални мириси, секој од нив претставува безвременска и уникатна креација со префинети карактеристики. Парфемите ги  реинтерпретираат најблагородните состојки во светот на парфемите – амбер, роза, тубороза, иланг-иланг, пачули, сандалово дрво, шафран и јасмин, се со цел да станат суштински дел од секојдневието и на мажите и на жените.

Зад едноставниот, впечатлив и сензуален дизајн се потпишува  Ennio Capasa.

SCENT INTENSE е првиот парфем во колекцијата  CoSTUME NATIONAL SCENTS кој го создава  Ennio Capasa заедно со парфимерот Laurent Bruyère. Трилогијата на мирисни ноти ја нагласува индивидуалноста и силната личност. 

SCENT INTENSE RED EDITION SCENTS не е само нов парфем, туку тоа воедно е парфем кој најмногу ја отсликува суштината на духот на брендот: рок-душа со дефиниран софистициран стил.

SCENT SCENTS е креиран од страна нa Laurent Bruyère. Целта е да создаде парфем со женски ноти кој е идеален за текот на денот, сензуален, софистициран, но сепак суптилен, модерен, а безвременски.

21 – Основачот и дизајнер,  Ennio Capasa, по повод 21 годишнината на CoSTUME NATIONAL, иднината на брендот ја гледа во промена на начинот на гледање и дожување на луксузот, односно фокусот да биде на едноставноста. 21 е хармонија на најчистите елементи споени да создадат единствен и енергичен мирис.

HOMME е технолошка креација на еден од најпрестижните мастер парфимери

DOMINIQUE ROPION. Како авантурист кој се препушта на инстинктите, го создава новиот, хармоничен спој на состојки кои навидум се чини невозможен.Безвременски, заводлив, силен, модерен и мистичен мирис.

За SO NUDE EAU DE PARFUM креаторот ќе каже:

Голото тело за мене е есенција на заводливоста, а истовремено ја покажува вистинската личност на секој човек. Без граници, нудизам.

Ennio Capasa зад овој неповторлив стил кој е сублимат на минимализмот и безвременскиот шик, сака да го потврди и истакне духот на  CoSTUME NATIONAL кој вели потпрете се на себеси, денес, утре, засекогаш…

Новиот бренд CoSTUME NATIONAL можете да го најдете во парфимериите Anabella Мериот и Cosmo City Mall.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.