Подаруваме и читаме: Бидете дел од нашата У&З размена на книги

Уживајте и читајте!

Подарените книги ќе бидат инсертирани во примероци од најновиот јулски број на магазинот „Убавина и здравје“

Лето, сонце, плажа, море или езеро… Само легнете си на лежалка и опуштете се. Не ви треба ништо повеќе, освен можеби добра книга?

Со цел да го поттикнеме читањето книги летово, смисливме уникатна У&З акција што ќе им се допадне на сите љубители на пишаниот збор.

Ве повикуваме на интересна размена на книги во која можете да учествувате на следниов начин:

  • одберете неколку книги што ви се веќе прочитани, а се зачувани во добра состојба и би сакале да ги подарите
  • напишете кратка посвета на првата страница до непознатиот читател што ќе ја добие вашата книга
  • книгите можете да ги доставите во кафулето Play на улица Македонија, кафулето Umbrella во Гтц, Happy во Аеродром или дојдете лично на нашиот пулт кој во сабота (6.07) ќе биде поставен во Градскиот Парк кај 8-те чешмички од 18.30 до 20.30 часот! 
  • ПОДАРЕНИТЕ КНИГИ ќе бидат инсертирани во примероци од најновиот јулски број на магазинот „Убавина и здравје“

Акцијата трае до 7.07!

Уживајте и читајте!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.