Парфем што ја доловува радоста на Бразил – ALTO ASTRAL

Byredo го отвора новото олфакторно поглавје со Alto Astral, парфем кој плени со енергија, оптимизам и културна инспирација од Бразил. Името, инспирирано од бразилско-португалскиот израз за возвишена состојба на умот, најавува мирис кој ја доловува суштината на радоста, движењето и живописните емоции.

Бразил во секој здив

Alto Astral е преполн со боите, ритамот и топлината на Бразил. Од самба на зајдисонце, преку налетот на морскиот ветар на плажата, до духот на моторџиите низ улиците на Рио – парфемот е повеќе од мирис. Тоа е олицетворение на заедничка емоционална фреквенција, културен оптимизам што трае и се движи.

Од Рио со радост

Кампањата е фотографирана од родениот во Рио, Рафаел Мора, преку три интимни портрети: танц, плажа и улица. Израснат во фавелите на Рио, Мора го внесува својот личен белег, создавајќи хармонија меѓу луѓето и просторот, претворајќи минливите мигови во трајни приказни.

Со учество на самба-уметницата Дуда Алмеида, моделот Емили Нунес и локално мотоциклистичко друштво, визуелната приказна станува студија за енергија и вистина – спонтана, локална и пулсирачки жива. Брено Мореира го режира подвижниот визуелен сегмент, кој преку кинематографска перспектива го поттикнува гледачот да се нурне во alto astral светогледот на Рио.

Мирис што осветлува

Создаден од долгогодишниот парфимер Жером Епинет, Alto Astral се отвора со светла комбинација на алдехиди и кокос, што создава пенливо и кремасто воведно поглавје. Во срцето се преплетуваат јасмин, темјан и млечен мошус, додека базата од сандалово дрво, кашмирско дрво и солен килибар создава текстурирана и трајна сензуална патека. Резултатот е мирис што ја спојува свежината со блискоста, јасноста со удобноста – парфем на емоционална светлина.

Иконичен минимализам

Флаконата останува верна на минималистичкиот дизајн на Byredo: чисти линии, масивно стакло и препознатлив црн магнетен капак. Едноставната бела етикета го носи името Alto Astral, дозволувајќи самиот парфем да проговори преку својата едноставност.

Alto Astral не е само парфем – тоа е состојба на умот, радост што се дише, движи и се живее.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе