Паметен избор – паметна исхрана

Интервју со Горан Николиќ, директор на Herbalife Nutrition

Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чијашто цел е светот да го направи поздрав и посреќен

Изминатиов месец се случија разни интересни настани низ градот, а посебен белег оставија низата активности на компанијата Herbalie Nutrition.

Случувањата започнаа со прес настан кој се одржа во хотелот Мериот на 18.11.2019 година, којшто продолжи во целовечерен настан со забава, дегустација на шејкови и едукативно предавање на докторот Јонатан Јаром, член на советодавниот одбор на Herbalife Nutriton и се заокружи со учеството на Горан Николиќ, Herbalife Nutrition SEE Country Director и Кармен Михајлоска, независен член на Herbalife Nutrition од 1992г. и животен тренер, во панел-дискусијата на конференцијата Профемина 2019 со наслов „Да ги надминеме сопствените граници: Зошто е клучот во самомотивацијата?“.

За оние кои не знаат, Herbalife Nutrition е глобална нутриционистичка компанија чијашто цел е светот да го направи поздрав и посреќен. Компанијата е на мисија за исхрана – им го менува животот на луѓето со одлични нутриционистички производи и програми уште од 1980 г.

„Заедно со нашите Herbalife Nutrition Независни дистрибутери, посветени сме да обезбедуваме решенија за неправилната исхрана и претераната дебелина, брзото стареење и огромните трошоци за јавно здравство, а истовремено им нудиме деловна можност на претприемачи од сите возрасти“. Herbalife Nutrition нуди висококвалитетни производи поткрепени со наука, од кои повеќето се произведуваат во објекти на компанијата, индивидуализирана обука со Независен Дистрибутер на Herbalife Nutrition и поддршка од заедница што ги инспирира клиентите да водат поздрав, поактивен начин.

Преку своите заложби за корпоративна општествена одговорност, Herbalife Nutrition ја подржува Herbalife Nutrition Foundation (HNF) и нејзините Casa Herbalife програми и помага на децата од ранливи категории да им се обезбеди здрава исхрана. Herbalife Nutrition се гордее што е спонзор и на повеќе од 200 врвни светски спортисти, тимови и настани во целиот свет.

Дека квалитетот на исхраната е особено важен, ни кажува и претстоечкиот 40-ти роденден на компанијата. По тој повод направивме кратко интервју со господинот Горан Николиќ, новиот директор на компанијата Herbalife Nutrition, одговорен за регионот на Југоисточна Европа.

Herbalife Nutrition наскоро слави 40-годишнина. Што ќе ни кажете за компанијата во пресрет на одбележувањето на овој јубилеен роденден?

Секој ден, во светот се консумираат повеќе од 4 милиони Herbalife Nutrition шејкови. Со нашите производи и со околу 8.900 вработени сме присутни во повеќе од 90 земји во светот. Нашата основна филозофија да им обезбедиме индивидуализирана исхрана на милиони луѓе низ целиот свет денес е уште поважна отколку во 1980 година кога е основана компанијата. Преку индивидуализиран пристап и поддршка на заедницата, Независните Дистрибутери на Herbalife Nutrition секојдневно ги охрабруваат своите клиенти да имаат поздрав и поактивен начин на живот. Покрај тоа, сопственици сме на 4 производствени погони, 8 лаборатории за контрола на квалитет и погон за екстракција на билки. Нашите водечки научни и истражувачки ISO сертифицирани центри ја имаат една од најмоќните, најефикасните и најиновативните процедури за развој на производи во индустријата. Зад нашите производи има повеќе од 300 научници што секојдневно спроведуваат истражувања за развој на висококвалитетни производи. Сето ова нè става на престолот на светската прехранбена индустрија. Денес, Herbalife Nutrition е глобален лидер во категоријата заменски оброци за регулирање на тежината.

40-годишнината е многу значајна пресвртница за нашата компанија Herbalife Nutrition и за нашата индустрија. Таа покажува дека пораснавме на конкурентниот пазар и станавме компанија на која денес ѝ веруваат милиони потрошувачи од целиот свет. Со над 4,5 милиони Членови, ова е најдобро време да се биде дел од Herbalife Nutrition и неизмерно сум горд што сум дел од оваа компанија во овој многу значаен момент.

Дали ги користите производите на Herbalife и кој ви е омилен производ?

Се разбира. Ги користам повеќето производи, а бидејќи најголем дел од денот го поминувам во канцеларија, Формула 1 ми е несомнено фаворит број 1. Со денешното работно опкружување и темпо, не е секогаш лесно да се најде здрав и хранлив ручек што ќе ми ја одржува енергијата во текот на денот. Во околностите во кои работам, Формула 1 е идеален оброк со совршен спој од хранливи материи. Богат е со протеини, што придонесуваат за зголемување на мускулната маса, а повеќето вкусови од новата генерација не содржат вештачки бои и ароми. И токму тоа го прави Ф1 здраво и практично решение за оброк.

Зошто се тие производи добри како заменски оброци?

Она што секој што верува и се стреми кон урамнотежена исхрана со сите потребни хранливи материи треба, пред сè, да го прави е да одбира урамнотежен и хранлив оброк наместо нутриционистички несоодветен појадок полн со празни калории.

На пример, наместо печива, кои содржат голема количина заситени масти, може едноставно да испиете Формула 1 шејк што содржи околу 220 калории, што претставува практична и здрава алтернатива за појадок што содржи многу масти. Со овој заменски оброк за регулирање на тежината може да направите чекор кон квалитетната исхрана, преку внес на есенцијалните витамини и минерали.

Покрај тоа, важно е да се потенцира дека покрај исхраната е важна и физичката активност со која може да се постигне здрав начин на живот. Спроведените клинички истражувања покажуваат дека секојдневно користење на шејк како заменски оброк, во рамките на урамнотежена и разновидна исхрана во комбинација со умерена физичка активност, има докажан позитивен ефект врз регулирањето на тежината.

Неодамна, компанијата ја објави иницијативата NUTRITION FOR ZERO HUNGER. Дали може да ни објасните за каква иницијатива станува збор.

Убедени сме дека угледот и успехот на компанијата не зависат само од квалитетот на производите, туку и од односот на компанијата кон нејзините соработници, вработени и заедницата. Без општествена свест и одговорност, без да ѝ возвраќа на заедница, ниту една компанија нема долгорочен развој. Herbalife Nutrition е посветен да им помага на луѓето на кои им е најпотребно и многу години ги следи и им помага на деца од целиот свет. Преку Herbalife Nutrition Foundation, фондација основана уште во 1994 година, во соработка со постојните добротворни организации за згрижување деца, нашата цел е да им обезбедуваме здрави и хранливи оброци на деца во целиот свет. Важно е да се напомене дека фондацијата е на пат да донира преку 4,4 милиони американски долари за програмата на светско ниво до крајот на 2019 г.

Иницијативата за свет без глад (Nutrition for Zero Hunger) е логично продолжение на нашиот долгогодишен фокус на проблемот со гладот ​​во светот. Со инвестиција од два милиони евра, нашата цел е да го искорениме гладот во светот. Со помош на партнери, непрофитни организации, оваа иницијатива ќе се фокусира на обезбедување здрава храна, подобра едукација за исхраната, пронаоѓање одржливи извори на храна и подигање на свеста за глобалната криза. Речиси секој ден имаме прилика да видиме како здравата исхрана влијае врз животот на луѓето и решени сме да помогнеме да ја направиме таа основна потреба достапна за сите на кои им е потребна.

Со ваквите долгорочни проекти овозможуваме нивна поголема ефикасност, а во многу проекти великодушно учествуваат и Herbalife Nutrition Независните Членови и нашите вработени, со што неизмерно се гордееме.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.