Одиме во Шпанија со Нехар Травел

Нехар Травел ве води на 14-дневно патување

Земја со богата историја, традиција и култура. Земја на Фламенгото, коридата и виното. Сончева, топла и возбудлива 24 часа. Нехар Травел ве води на Коста Брава – „Дива Обала” , со стрмни, избраздани карпи и проѕирно сино море, скриени заливи, широки песочни плажи, во позадина со борова и храстова шума.

Коста Брава т.е. Каталонската Ривиера нуди прекрасен одмор, многу атрактивни излети и незаборавни ноќи: Барселона, Фигерас, забавниот парк Порт Авентура, водени лудории, аквариум, Маринеленд… а навечер многубројни дискотеки, барови и забава до раните утрински часови…

Одберете го најпознатиот центар на Коста Брава –  ЛОРЕТ ДЕ МАР, гламурот на Азурниот Брег: Ница, Kан, Монако, Монте Карло и шармот на Северна Италија: Венеција и Верона.

Сите овие дестинации може да ги посетите со пакет-аранжманот на Нехар Травел.

Термини: 5, 12, 19, 26 Јуни / 3, 10, 17, 24, 31 Јули/ 7, 14, 21, 28 Август / 4, 12 Септември

ПРОГРАМА:

1 ДЕН. СКОПЈЕ – МИЛАНО:

Состанок на групата во 13.00ч. на паркингот кај спортски центар Борис Трајковски.  Поаѓање во 13.30ч. Се патува преку гр. премин Табановце, Србија, Хрватска, Словенија со попатни паузи. Ноќно возење.

2 ДЕН. МИЛАНО:

Пристигнување околу пладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне за одмор. Ноќевање.

3 ДЕН. МИЛАНО – ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Појадок. Слободно предпладне. Предлагаме факултативна посета на „Северниот Бисер” на Италија како го нарекуваат Милано,  со бурна историја и стари градби а денеска е центар на Светската Мода. Се е предодредено на Модата, од Архитектурата до спомениците и начинот на живот. Тука ќе уживате во ремек делото на Готиката во ликот на најголемата Готска Катедрала во Светот, најпознатата Оперска куќа во светот – La Scala,  Пасажот на Виктор Емануел со бројни брендирани бутици, прошетка низ прочуениот Замок „Sforca”(метро). Патувањето продолжува кон Шпанија покрај  Генова, Вентимиља, Сан Ремо, Ница, Перпињан со попатни паузи. Ноќно возење.

4 ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Пристигнување во Лорет де Мар во предпладневните часови. Сместување во одбраниот хотел после 14:00ч. Ноќевање.

4 – 11 ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР:

Престој на база 7 ноќевања со појадок, 7 полу пансиони, 7 полни пансиони во одбрана категорија на хотел. За време на престојот ќе бидат организирани бројни факултативни излети: Барселона, забавниот парк Порт Авентура, музејот на Салвадор Дали со Емпуриа Брава, Фламенко, Витешки борби, Аквариум, Пакет дискотеки и др.

11. ДЕН. ЛОРЕТ ДЕ МАР – НИЦА:

Појадок. Напуштање на собите до 10.00 ч. Слободен ден. Предлагаме факултативно – Барселона Меџик и Шопинг + следење на спектаклот на магичната фонтана – незаборавно! Поаѓање за Ница во 23.00 ч. Се патува преку Перпињан, Ним, Ноќно возење.

12. ДЕН НИЦА:

Пристигнување на Азурниот брег во утринските часови. Предлагаме факултативно посета на Кан и Грас.Кан, познат со својата прочуена Кроасета, филмска палата, луксузните хотели, стариот градSike со својата тврдина и Готска црква.Слободно време. Потоа веводиме во центарот на светската парфемска индустрија, сместена во идиличното место Грас. Посета на најголемата и најпозната парфимерија FRAGONARD. Попладне сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта прошетка низ стариот дел на градот: плоштадите Масена, Солеја, атедралата, палатата на правдата. Ноќевање.

13. ДЕН НИЦА – МОНАКО – СКОПЈЕ:

Појадок. Напуштање на собите. НЕ ПРОПУШТАЈТЕ целодневен факултативен излет: МОНАКО: Прошетка низ стариот град познат по Палатата на Фамилијата Грималди, црквата Свети Никола, Океаногравскиот институт, прекрасниот парк, живописните тесни улички. Потоа шетаме покрај пристаништето на Монако, се движиме по патеката на Формула 1. Ја посетуваме Јапонската ботаничка градина, авенијата на луксузни автомобили. Слободно време за капење на плажата Ларвото. Потоа одиме во Монте Карло да го доловиме гламурот и сјајот преку неговите паркови, трговски центри, луксузни хотели и прочуени Казина. Слободно време за индивидуални прошетки и посети на Казина. Во приквечерните часови, поаѓање кон Скопје.

14. ДЕН. СКОПЈЕ:

Пристигнување во доцните вечерни часови.

Подетални информации за цената на аранжманот и патување, побарајте на официјалниот веб-сајт на Нехар Травел.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.