Од пионер во одржливоста до омилен бренд во домаќинствата: Frosch одбележува 40 години успех

Кога денес се зборува за одржливи производи за домаќинството, тешко е да се заобиколи брендот Frosch. Многу пред екологијата и одржливоста да станат глобални трендови, овој бренд уште во осумдесеттите години покажа дека средствата за чистење можат да бидат ефикасни, квалитетни и истовремено понежни кон луѓето и животната средина.

Токму затоа, годинава Frosch не прославува само значаен јубилеј, туку и четири децении доследност на идејата дека одржливиот начин на живот треба да биде достапен за секого.

Од своето основање во 1986 година, брендот на компанијата Werner & Mertz се развива со јасна филозофија – да понуди производи што обезбедуваат врвни резултати, без непотребно оптоварување на природата. Во време кога речиси и не се зборуваше за рециклирање и формули на растителна основа, Frosch веќе преземаше сериозни чекори кон поодржлива индустрија за чистење.

Доверба градена со децении

Во време кога потрошувачите сè повеќе внимаваат какви производи внесуваат во својот дом, довербата станува една од најважните вредности на секој бренд. Токму затоа не изненадува фактот што Frosch со години се смета за едно од најдоверливите имиња во категоријата средства за чистење.

Фактот дека потрошувачите и оваа година спонтано го издвоиле како бренд на кој најмногу му веруваат, и тоа 24-та година по ред, доволно говори за односот што со години се градел преку квалитет, транспарентност и доследност.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frosch Srbija (@frosch_srb)

Одржливоста како дел од секојдневието

Она што го издвојува Frosch не е само неговата еколошка одговорност, туку и начинот на кој успеа одржливоста да ја доближи до секојдневниот живот.

Одржливото чистење тука не е претставено како компромис или откажување, туку како практично и пријатно искуство за секој дом. Свежите мириси, препознатливиот дизајн и симпатичниот жабец помогнаа брендот низ годините да го задржи својот позитивен и пристапен идентитет.

Квалитет и одговорност рака под рака

Квалитетот на производите останува една од главните причини за лојалноста на потрошувачите. Формулите базирани на состојки од растително потекло, високата ефикасност и внимателно одбраните компоненти придонесоа производите на Frosch редовно да добиваат позитивни оценки во различни истражувања и анкети.

Сепак, можеби најважно е што брендот успеа да покаже дека високите стандарди за квалитет и одржливоста можат успешно да функционираат заедно, без притоа да бидат недостапни за потрошувачите.

Повеќе од милијарда рециклирани шишиња

Посебен фокус на компанијата низ годините беше ставен на развојот на циркуларен пристап кон производството. Frosch користи исклучиво природни состојки од растително потекло, добиени од обновливи извори, а спакуван е во амбалажа изработена од рециклирана пластика добиена од отпад – технологија што сѐ уште ретко се применува во светски рамки и претставува значаен исчекор во одржливото производство.

Повеќе од една милијарда шишиња произведени од 100 проценти рециклиран материјал денес претставуваат еден од најзначајните резултати на долгогодишната стратегија за одржлив развој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Frosch Srbija (@frosch_srb)

Симбол на современото домаќинство

Од своето седиште во германскиот град Мајнц, Werner & Mertz и понатаму развива производи што ги обединуваат ефикасноста, иновациите и одговорноста кон животната средина.

Денес асортиманот на Frosch опфаќа повеќе од 80 производи – од детергенти и средства за чистење, до производи за лична нега. Но, основната идеја останува непроменета: да им се овозможи на потрошувачите да избираат производи кои се ефикасни, пријатни за употреба и усогласени со природата.

Четири децении подоцна, Frosch не е само бренд за чистење. За многумина тој претставува симбол на филозофијата според која квалитетот, одржливоста и практичноста можат успешно да одат рака под рака.

Текст: ПР

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе