Ново SARA FASHION&SARA FASHION HOME продавница во Охрид Мол на 400 квадратни метри!

На 25 јуни познатиот македонски бренд „Sara Fashion“ подготвува големо изненадување за граѓаните на Охрид, како и за бројните туристи кои ја посетуваат нашата најголема и најатрактивна туристичка дестинација.

Постојната продавница во „Охрид Мол” се сели на нова, атрактивна локација на првиот кат, каде што брендовите Sara Fashion и Sara Fashion Home добиваат нов, ултрамодерен продажен простор кој се протега на дури 400 квадратни метри.

Оваа релокација означува и лансирање на целосно нов продажен концепт, дизајниран според највисоките светски стандарди во малопродажбата, нудејќи им на купувачите незаборавно шопинг искуство, голем избор и максимална удобност.

Посетителите ќе можат да уживаат во најбогатиот избор досега од новите летни колекции – препознатливите висококвалитетни парчиња долна облека, ексклузивни пижами, модерни костими за капење, додатоци за плажа и останатата широка понуда на „Sara Fashion“.

A во делот посветен на уредување на домот ќе ги очекува голема понуда на производи кои внесуваат топлина, удобност и свежина во секое катче од домот.

Со почетокот на новата летна сезона во Охрид, бидете подготвени и бидете дел од големото отворање, со изненадувања, ДЈ-сет и летни коктели.

Откријте нов концепт на шопинг на сите омилени колекции на „Sara Fashion“и„Sara Fashion Home“, отсега на најатрактивната локација во Охрид Мол!

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе