Ново македонско дело во книжарниците: Ќерката на дрвосечачот

„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините

Ново дело од домашен автор деновиве е хит помеѓу читателите во Македонија, второ во едицијата Наши, а светски на издавачката куќа Сакам Книги, веднаш по романсата Флерт, уцени и високи потпетици на Маја Божиновска. Станува збор за срцепарателната драма Ќерката на дрвосечачот од Наде Стојилковиќ, која во средата беше промовирана во книжарницата Сакам Книги во центарот на градот.

„Ќерката на дрвосечачот“ започнува во едно македонско село, пред повеќе од 30 години. Дана е сираче, нејзиниот татко дрвосечач загинува во шумска незгода, а од преголема љубов кон него и тага за неговата смрт, по само еден месец умира и нејзината мајка. Па така од нејзиното прекрасно семејство полно со љубов, останува само малата Дана, со вечно скршено срце. Грижата за неа ја презема семејството на братот на татко ѝ, но чичко ѝ и стрина ѝ си имаат свои три деца, свои грижи за гледање, па повеќе ја третираат како слугинка дома и само гледаат да приграбат сè што можат од наследството што ѝ е останато од татко ѝ.

Дана е прекрасен лик; кротка, мила, послушна, покорна, вредна и пргава – таа не зуцнува дури ни кога тие практично ја продаваат на еден богат пар во Скопје, за да им биде домашна помошничка. Ги голта солзите во себе, а однадвор и понатаму останува силна и истрајна.

„Ќерката на дрвосечачот“ е книга која раскажува за мајчинската љубов, за женската издржливост, за човечката злоба, за горчливоста на судбините.

Повеќе детали за книгата на: http://sakamknigi.mk/product/kerkata-na-drvosecacot/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.